Спорт
Бетис ставија нереална клаузула во новиот договор на Каналес

Серхио Каналес го продолжи договоорт со Бетис. Офанзивецот од редот за врска на „Бенито Виљамарин“ ќе остане до 2026 година. Новиот договор ја покажува желбата на 30-годишникот, кариерата да ја заври во Бетис.
Каналес кариерата ја започна во Расинг Сантандер, беше означен како голем талент на шпанскиот фудбал, но честите повреди не дозволија кариерата да му се одвива во проектираната насока.
На 19-годишна возраст потпиша договор со Реал Мадрид, потоа играше во Валенсија и Реа Сосиедад.
Каналес е еден од најважните играчи во тимот на Бетис. Тимот игра одлично од почетокот на сезоната, во Примера се наоѓа на третото место и се избори за место во нокаут-фазата во Лига Европа.
Поради исклучително добри партии не е изненадување што доби нов договор, изненадување е откуната клаузула во договорот. Секој што сака да го добие Каналес ќе мора да плати 1.000.000.000 евра.
Ваква клаузула во договорите имаат големите таленти на Барселона, Педри и Ансу Фати.
Реалноста е поинаква, според „Трансфермаркт“, Каналес на фудбалскиот пазар има вредност од 20.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ сака кариерата да ја заврши во Денвер

Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, уште еднаш ја повтори својата желба да ја помине целата своја НБА кариера во франшизата од Колорадо.
Српскиот центар и трикратен МВП се обрати на прес-конференцијата на денот посветен на медиумите пред почетокот на новата сезона.
Темата беше и продолжувањето на неговиот договор, што тој одби да го направи пред да оди на Европското првенство.
„Не размислувам за тоа. Тоа доаѓа природно. Мојот план е да бидам со Нагетс засекогаш“, ветува Јокиќ.
Претстојната сезона ќе биде 11-та на Јокиќ во најсилната лига во светот.
„Помина брзо. Кога ќе размислите за тоа, ова е мојата 11-та сезона. Кога дојдов, ги гледав другите како забиваат и играат премногу брзо за мене. Најдов начин да останам во лигата толку долго. Уште колку му останува?
Ќе видиме. Се надевам дека сум на исто ниво. Не сум играл натпревар во НБА четири месеци. Ќе видиме за 24 дена. Моето тело сè уште се чувствува добро“, рече Јокиќ.
Тој не сакаше да коментира за новиот формат на Ол-стар натпреварувањето.
„Немам мислење за тоа. Ќе видиме кога ќе дојде. Се надевам дека на луѓето ќе им се допадне.“
Спорт
Чави подготвен за клупата на Јунајтед?

По една година пауза од фудбалот и напорна епизода во Барселона, Чави Ернандез повторно е во центарот на вниманието. Иако беше поврзуван со бројни клубови во претходните месеци, тој ги одби сите до неодамна.
Сепак, сега ситуацијата се менува.
Според информациите на инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Чави наводно е подготвен веднаш да го преземе Манчестер јунајтед.
Шпанецот детално ја анализирал Премиер лигата и верува дека е зрел да покрене голем, но моментално заглавен проект, кој под раководство на Рубен Аморим.
Јунајтед е сè уште во голема криза – по шест кола, тие се на 14-то место во Премиер лигата, далеку од европските натпреварувања, што е сериозен удар за клуб со толку голема традиција. Во последното коло, тие беа поразени од Брентфорд со 3:1, а тренерот Рубен Аморим е блиску до отказ и покрај тоа што во понеделникот, клупските челници изјавија дека Португалецот ја има нивната поддржка.
Чави ужива висок углед и веќе беше споменуван како опција за Јунајтед минатата година, но тогаш не сакаше да влегува во никакви авантури среде сезоната. Денес е во слична позиција – слуша понуди, но сè уште не прифатил ништо.
Покрај Манчестер јунајтед, интерес за него покажува и Ал Итихад, кој бара наследник на отпуштениот Лоран Блан. Меѓу кандидатите се Лучијано Спалети и Серж Консеисао, но Шпанецот дефинитивно е најпознатото име на листата.
Засега, Чави мудро молчи и чека предизвик што навистина ќе го мотивира да се врати на клупата.
Спорт
Микелето МВП на одбојкарскиот мундијал

Пред доделувањето на медалите на Светското првенство во Манила, публиката ги поздрави членовите на идеалниот состав.
Најдобрите примачи на сервис се Алесандро Микелето (Италија) и Александар Николов (Бугарија) – двајца играчи кои долго време ќе водат големи битки и на клупско и на репрезентативно ниво.
Коректор кој дефинитивно најмногу се издвои е Јури Романо (Италија). Со него во дијагоналата е како и обично репрезентативниот колега, Симоне Џанели.
Средните блокери во идеалниот состав на првенството се Полјакот Јакуб Кохановски и Бугаринот Алекс Грозданов. Најдобар либеро е Италијанецот Баласо.
МВП е Алесандро Микелето.
Да ве потсетиме дека Италија ја одбрани титулата светски шампион во одбојка, Бугарија го освои сребрениот медал, а Полска заврши на третото место.