Спорт
Биелса сам ја платил казната од 200.000 фунти за шпионскиот скандал
Марсело Биелса открива дека тој лично ја платил казната од 200.000 фунти на неговиот клуб Лидс јунајтед, што ја доби за скандалот со шпионирањето на тренингот на ривалите од Дерби каунти.
Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) го казни Лидс во февруари кога второлигашот ги прекрши правилата за однесување во добар дух кон ривалите. Ова дојде кога Биелса призна дека пратил човек да го гледа тренингот на Дерби каунти, нешто што не е пракса во Англија.
„Казната што Федерацијата ни ја даде од 200.000 фунти беше кон клубот, а не кон мене, но јас бев одговорен и затоа јас ја платив“, вели Биелса.
Иако шпекулациите велеа дека поранешниот аргентински селектор ќе замине од „Еланд роуд“ доколку Лидс не успее да влезе во Премиер лигата, тој вели дека тоа не е вистина.
„Никогаш не сум кажал дека ќе заминам ако не влеземе во Премиер лигата. Не кажав дека ќе заминам, не кажав дека ќе останам, туку само кажав дека сега не е време да се зборува за тоа. За мене, овој клуб е важен, без разлика дали игра во Премиер лигата, Чемпионшип или во третата лига“, вели Биелса.
„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпионирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко повреден Бабнгида, брат му загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, а остатокот од семејството сѐ уште е во критична состојба, но закрепнува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментно е претседател на Здружението на професионалните фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.