Спорт
БиХ утре нема да игра против Литванија

Меѓународната кошаркарска федерација; ФИБА, го одби барањето на Босна и Херцеговина да го одложи натпреварот Литванија-БиХ, во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Натпреварот според планот треба да се одигра утре во Вилнус, но репрезентацијата на БиХ нема да отпатува во Литванија.
„Цел ден вршевме проценка на ситуацијата, заклучивме дека оваа не е момент кога тимот треба да патува во ризично подрачје. Ова е став на Кошаркарскиот сојуз на БиХ, струшниот штаб и играчите. Од дипломатски канали добивме информација дека во Литванија ќе биде воведена вонредна состојба. Тоа е држава која се граничи со Русија и Белорусија. Значи никој не може да не убеди дека не донесовме исправна одлука. Засега не знаеме со какви последици ќе се соочиме од страна на ФИБА, но во овој момент најважна е безбедноста на играчите и стручниот штаб“, изјавил генералниот секретар на на Сојузот, Амер Чолан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул, Челси и Јунајтед последен пат загубиле во ист ден – во минатиот век!

Во рамките на шестото коло од англиската Премиер-лига, Челси, Ливерпул и Манчестер jунајтед претрпеа порази истиот ден – редок случај кој статистичката платформа „Опта“ го бележи за првпат во овој век.
Сличен настан се случил последен пат на 16 април 1994 година, пред повеќе од 31 година. Тогаш Јунајтед загуби со 0-1 од Вимблдон, Челси исто така со 0-1 од Арсенал, а Ливерпул падна со 0-2 од Њукасл.
Интересно е што три децении подоцна има одредени сличности – како во 1994, така и сега Јунајтед и Челси загубија со ист резултат, додека Ливерпул прими два гола.
Овојпат, лондонскиот тим Челси загуби со 1-3 од Брајтон, „црвените ѓаволи“ паднаа со ист резултат против Брентфорд, додека Ливерпул беше поразен од Кристал Палас со 2-1 во Лондон.
Спорт
Силекс против шампионот Шкендија ќе се обиде да ја прекине лошата серија

Двата порази по ред екипата на Силекс ќе се обиде да ги прекине на дуел против Шкендија во Тетово. Кратовскиот прволигаш загуби од Башкими на гости и од Струга ТЛ дома, а серијата на тешки натпревари продолжува и денеска со гостување во Тетово, кај актуелниот првак.
Силекс, сепак, е оптимист дека против Шкендија може да дојде до прекин на оваа мини серија на лоши резултати во Првата лига.
„Ни претстои тежок меч против шампионот. Имаме мала резултатска криза, но се надевам дека таа серија на непоразени ќе си одиме од гостувањето во Тетово. Треба само да веруваме во нашите квалитети. Ги анализиравме грешките од претходните натпревари, и мислам дека со максимална посветеност ќе излеземе од оваа резултатска криза“, вели Дарко Анѓелески, капитенот на екипата на Силекс.
Тој изјави оти верува дека Силекс може да се врати непоразен од ова тешко гостување.
„Сигурно дека ова гостување е едно од најтешките во сезоната, но сметам дека ако сме вистински од првата минута, можеме да дојдеме до позитивен резултат“, заврши Анѓелески.
Спорт
ПСЖ загуби уште две ѕвезди за дуелот со Барселона во ЛШ

Пари Сен Жермен загуби два клучни играчи поради пред натпреварот од второто коло на Лигата на шампионите против Барселона, објави „Л’Екип“. Станува збор за Португалецот Витиња и за грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија.
Според изворот, доколку медицинските прегледи потврдат повреди кај двајцата фудбалери, тие нема да можат да настапат против Барселона на 1 октомври (среда). Веројатноста за ова се смета за многу висока.
Во моментов, ПСЖ има четворица играчи повредени, Осман Дембеле, Дезире Дуе, Маркињос и Жоао Невеш. Сите тие сигурно ќе го пропуштат дуелот против каталонскиот тим.
Витиња и Кварацкелија ги заработија повредите во победата од 2-0 над Оксер во шестото коло на Лига 1. Португалецот го напушти теренот во 36. минута, додека Грузиецот беше заменет на полувремето.