Спорт
Билапс за финалето во 2004: Според имињата Лејкерси требаше да не згазат
Чонси Билапс плејмејкерот на шампионската генерација на Детроит Пистонс од 2004 година, рекол дека таа година во финалето Лос Анџелес Лејкерс, според играчите што ги имале, требало да го прегазат неговиот тим.
Сепак, Пистонс беа тие кои доминираа во финалната серија во 2004 година, ги совладаа Лејкерси со 4-1 во победи. МВП на финалната серија бил Билапс.
„Има голема самодоверба пред почетокот на серијата. Доколку ги погледнете имињата требаа да не прегазат, навистина го мислам ова. Сепак во една таква серија многу зависи и од начинот на игра, сакам да кажам дека тоа е борба на различни стилови, а нашиот тим тука беше супериорен во однос на нив дури и во регуларниот дел од сезоната. Кога Лејкерси ја победија Минесота (финале на Западот) бев среќен, имав чувство дека не можат да не победат“, рекол Билапс.
За Лејкерси таа година покрај Коби Брајант и Шекил О’Нил играа Карл Мелоун и Гери Пејтон, односно Дерик Фишер, Рик Фокс, Лук Волтон, Брајон Расел.
Покрај Билапс ѕвезди на тој тим на Детроит Пистонс беа Бен и Рашид Валас, Тејшон Принс, Ричард Хамилтон.
Билапс во финалната ја заврши со просек од 21 поен, 3,2 скока, 5,2 асистенции и 1,2 украдена топка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан реши да го задржи Јовиќ
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ и во наредната сезона ќе го носи дресот на Милан. Јовиќ на почетокот на минатата сезона пристигна на „Сан Сиро“ од Фиорентина, имаше добра сезона, поради што и доби нов едногодишен договор.
Тимот на Милан ќе претрпи одредени поромени во пресрет на новата сезона. Челниците решија Јовиќ повторно да ја има улогата на резервен напаѓач, Клубот допрва ќе бара напаѓач кој ќе дојде на местото на Оливие Жиру.
Прва желба на Милан е Џошуа Зиркзе, кој имаше одлична сезона во Болоња, со која избори пласман во Лигата на шампионите.
Спорт
„Газета дело спорт“: Мартин во Дукати наместо Бастианини
Хорхе Мартин возач на Прамак Дукати и лидер во светскиот шампионат во Мото ГП, ќе го замени Енеа Бастианини во фабричкиот тим на Дукати, објави во четвртокот „Газета дело Спорт“. Според овој извор соработката ќе започне во 2025 година.
Мартин пред две недели забележа двојна победа на Големата награда на Франција. Шпанецот најпрвин победи во спринтот, а потоа и во главната трка и ја забележа втората победа сезона.
„Сите возачи сакаат да си го најдат своето место. Со она што го направив и покажав мислам дека го заслужувам тоа. Но, што е најважно, заслужувам место таму каде што ме сакаат и каде што се борат за мене“, изјави Хорхе Мартин тогаш, очигледно малку исфрустриран од бавноста на носењето одлуки во Дукати.
Од тимот, по трката во Каталуња, на која победи Пеко Бањаја, најавија дека до крајот на неделата не бри требало да биде официјализирано ништо поврзано со вториот возач за наредната сезона, но со оглед на тоа дека шпекулациите се зголемуваат, Дукати сепак би можел да се огласи порано.
Хорхе Мартин се наоѓа пред клучната одлука во кариерата, бара тим кој ќе го препознае неговиот талент и кој ќе биде подготвен да го следи во борбата за титули.
„Трпелив сум, но решен да ја најдам вистинската средина“, изјави Мартин.
Спорт
Сојунџу ќе го пропушти ЕУРО 2024
Еден од капитените на фудбалската репрезентација на Турција, Чаглар Сојунџу ќе го пропушти континеталниот шампионат во Германија. Сојунџу е фудбалер на Атлетико Мадрид на позајмица во Фенербахче. Тој е еден од клучните дефанзивци во тимот на Винченцо Монтела.
Сојунџу се повреди на натпреварот од последното коло од турската Суперлига меѓу Фенербахче и Истанбулспор.
Првично Фенербахче објави дека повредата не е сериозна, но вчера Сојунџу не можел да го одработи тренингот. Дополнителните прегледи покажале дека поради повредата на бутниот мускул тој ќе мора да мирува еден месец.
Турската репрезентација на ЕУРО 2024 е во групата Ф со селекциите на Португалија, Чешка и Грузија, а првиот натпревар ќе го одигра на 18 јуни во Дортмунд против Грузија.
Сојунџу, тој досега во кариерата за Турција одиграл 55 натпревари и постигнал два гола.