Спорт
Бизарно и детско однесување на американската тенисерка Вандевеге
Коко Вандевеге, поранешната топ 10 тенисерка, беше критикуваа за својот бизарен настап на еден подготвителен турнир за САД опен, во кој одбиваше да игра.
Американката настапуваше на ИТФ-турнирот во Лендисвил, Филаделфија, и губеше со 2:0 во третиот сет од Екатерина Горгодзе пред мечот да биде прекинат поради лошо време. Таа го освои првиот сет и изгледаше дека оди кон лесна победа пред драматичната промена во вториот сет.
29-годишната губеше со 4:3 и намерно го загуби следниот гем за да ѝ даде на ривалката 5:3 водство. Таа воопшто не се обидуваше да ги враќа ударите и да ги „брка“ топчињата, по што по загубениот сет побара медицинска пауза.
По ова следуваше прекин на мечот поради високите температури, а кога се врати на теренот, таа воопшто не се обидуваше да се загрева со противничката. На крајот, сепак, ја спаси тоа што мечот беше прекинат поради лошото време.
Како поранешна полуфиналистка од Австралија опен и САД опен, ова дефинитивно не е професионално однесување.
W100 in ?? Landisville. ?? Gorgodze vs ?? Vandeweghe, Coco won the first set. She was 4-3 down in the second and seemed to be slightly injured. Completely tanks the 5-3 game (1st video) and Gorgodze wins the set. Coco takes a MTO and… pic.twitter.com/3JvJwZLuOL
— Luis (@lu_tenis) August 11, 2021
…the match is suspended due to the Heat Rule pic.twitter.com/ofITUGkgBs
— Luis (@lu_tenis) August 11, 2021
Vandeweghe being her petulant self and refusing to do a proper warmup. No idea how she didn’t get defaulted for this. pic.twitter.com/SFxQg40Biu
— Gigi (@Prinznutella7) August 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

