Контакт

Спорт

Боатенг куртули од затвор, ќе ѝ плати 1,8 милион евра на поранешната девојка

Објавено пред

Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Џером Боатенг, нема да оди во затвор и покрај тоа што е виновен за напад врз поранешната партнерка и ќе ѝплати отштета од 1,8 милион евра.

Според окружниот суд во Минхен, Боатенг ќе ја плати казната во 60 дневни рати по 30.000 евра, иако обвинителот бараше казна од 1 година затвор и 6 месеци условно за нанесување телесна повреда и навреда. Казната е одредена според приходите на Боатенг, иако максималната сума е 30.000 евра дневно.

И покрај ова, Боатенг нема да има криминално досие бидејќи за кривичен прекршок се смета секоја пресуда од над 90 дневни казни.

Според обвинението, Боатенг ја удрил својата поранешна девојка додека биле на одмор на Карибите, ја гризнал за раката, ја фрлил на подот и вербално ја навредувал. Тој исто така фрлил кон неа со стаклена ламба.

Неговата поранешна партерка, која е мајка на близначки, првпат го пријави Боатенг во 2018 година, но судењето беше одложувано поради пандемијата на Ковид-19.

Боатенг на суд, го тужи екссопругата поради насилство



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Куман: Мојата судбина е во рацете на претседателот Лапорта

Објавено пред

Роналд Куман не сакал да го коментира својот статус во Барселона. По мечот со Кадиз (0:0), Холанѓанецот на новинарите им рекол дека неговата судбина е во рацете на претседателот Џоан Лапорта.

„Не сакам да го анализирам мојот статус. Сакамд а зборувам за тимот, за неговото сјајно однесување и посветеност. Каква е мојата иднина? Не знам, пред малку се видов со претседателот и се поздравив со него. Веројатно ќе разговараме наредните денови, секако доколку сака да разговара“, рекол Куман.

Холанѓанецот во 96.минута доби црвен картон, што значи дека нема да го води тимот, во сабота против Леванте.

Прикажи повеќе...

Спорт

Челси ќе наредното лето ќе тргне по потписот на Де Лихт

Објавено пред

Челси ги крои плановите за наредната сезона. „Сините“ имаат намера да ја засилат одбраната. Во овој преоден рок им пропадна трансферот на Жил Кунде од Севилја, а според некои шпекулации, ПСЖ ја одбил нивната понуда од 100 милиони евра за Маркињос.

Англиските медиуми тврдат дека Челси наредното лето ќе тргне по потписот на Матијас Де Лихт.

Холанѓанецот има договор со Јувентус до јуни 2024 година. Челси имале намера да ја активира откупната клаузула од 150 милиони евра.

Челси мора да го засили овој дел од тимот, бидејќи е извесно дека Антонио Ридигер ќе замине од „Стенфорд Бриџ“ како слободен играч. Германецот имал понуди од шест клуба.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пике му одговори на Куман: Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет

Објавено пред

Барселона освои само бод на гостувањето во Кадиз. Каталонците имаа уште едно бледо издание, мечот го завршија со играч помалку, Де Јонг доби црвен картон во 66. минута, а во последните секунди од натпреварот „поцрвене“ и тренерот Роналд Куман. Прашање е дали на овој начин Холанѓанецот неславно ја заврши својата мисија на „Ноу Камп“.

Работите во Барселона не одат на добро. По нерешениот резултат, заменик-капитенот Џерар Пике остро одговори на изјавата на тренерот дека со тимот што го има не може да се бори за титулата.

„Не го носам овој дрес за да бидам втор или трет, туку за да победувам и освојувам титули. Овој тим има сè што е потребно да се бори за титулата. Горд сум на тимот. Не сме навикнати да се наоѓаме во ваква ситуација, но убеден сум дека ќе продолжиме да победуваме. Сите играчи се обединети, немој да правите поделби во тимот“, рекол Џерар Пике.

Барселона има само една победа на последните пет натпревари. Во наредното коло ќе го пречека Леванте.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет2 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија14 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет15 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ17 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија20 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија22 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет22 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа22 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет1 ден

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија2 дена

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија2 дена

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион2 дена

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Досие