Спорт
Боби Марјановиќ го напушти Фенербахче
Највисокиот кошаркар во Евролигата, Бобан Марјановиќ повеќе не е член на Фенербахче, потврди во понеделникот клубот од Истанбул.
Поранешниот НБА кошаркар минатото лето потпиша едногодишен договор со турскиот клуб, но имаше и опција да ја раскине соработката пред јануари.
Фенербахче пред неколку дена објави дека го продолжил договорот со Кем Бирч до крајот на сезоната и веднаш се наметна прашањето за иднината на Марјановиќ, кој речиси и да не играше кај тренерот Шарунас Јасикевичиус.
Клубот од Босфор сега сака да ја засили центарската линија со уште еден играч. Покрај Брч, Јасикевичиус во тимот ги има Николо Мели и Сертан Шанли.
36-годишниот српски кошаркар одигра шест натпревари во Евролигата и за 10 минути на теренот имаше просек од 4 поени и 3,5 скока. Во турската лига има просек од 10,1 поен (67,6% за два), 4,9 скока, 1,6 асистенции и 0,4 блокади.
Her şey için teşekkürler Boban Marjanovic! 💛💙
👉 https://t.co/6y1rplZKf7 pic.twitter.com/p023HDManJ
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) December 23, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лазаров: Манасков е во врвна форма, затоа го повикав, тој не го одби повикот
Селекторот Кирил Лазаров ги собра репрезентативците во пресрет на ЕХФ неделата. Македонија во овој термин ќе одигра два натпревари против Јапонија.
Од списокот отпадна голманот Никола Митревски поради повреда. На неговото место е повикан Марко Кизиќ.
Исто така со националниот тим е и Петар Атанасијевиќ откако Дејан Манасков го одби повикот на селекторот.
Селекторот појасни дека Манасков последните два месеци игра во одлична форма, дека покажува врвна класа. Нема што повеќе да каже откако играчот на Еурофарм Пелистер го одби повикот. Посочи дека негова задача е да ги повикува оние кои се во најдобра форма.
Макееонија против Јапонија ќе игра во Скопје на 30.октомври. Овој натпревар ќе се игра зад затворени врати. Вториот меч е на програмата на 1 ноември во Куманово.
foto/ macedoniahandball.com.mk
Спорт
Де Брујне на пауза до крајот на годината?
Победата на Наполи над Интер од 31:, во саботата во дербито на Серија А беше засенета од новата повреда на Кевин де Брујне.
Белгиецот го постигна првиот гол од пенал и ведбаш се фати за мускулот. Побара замена и со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел се врати кај соиграчите на клупата за резерви, се движеше со помош на патерици.
Според италијанските медиуми, во клубот постои страв дека може да станува збор за сериозен проблем со мускулот.
Иако Де Брујне изгледаше смирен по натпреварот, медицинскиот тим на Наполи не сака да ризикува со оглед на неговата неодамнешна историја на повреди.
Се очекува белгискиот играч од средниот ред да помине детални медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата, а прелиминарните проценки покажуваат дека може да станува збор за повреда од висок степен, која би го оставила надвор од игра неколку недели, па дури и подолго, бидејќи се зборува за пауза до крајот на календарската 2025 година.
Евентуалното отсуство на Де Брујне би било голем удар за тимот на Конте, кој го врати моментумот во трката за Скудетото во последните неколку кола.
Спорт
Јувентус го отпушти Игор Тудор
Италијанскиот гигант Јувентус одлучи да му се заблагодари на Игор Тудор за соработката по серијата лоши резултати што кулминираа со пораз од Лацио во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.
Веста за неговата замена ја потврди „Скај Спорт Италија“, со кратко и јасно соопштение на платформата „X“:
„ Игор Тудор повеќе не е тренер на Јувентус“.
Поразот против Лацио беше трет по ред во домашното првенство, а Јувентус е без победа осум натпревари по ред, на последните четири тимот не постигна ниту еден гол.
Последниот триумф на тимот од Торино беше на 13 септември против Интер. Оттогаш, тие освоија само пет од можни 24 бода во Серија А и Лигата на шампионите, далеку под традиционалните стандарди на клубот.
Тудор го предводеше Јувентус од 23 март оваа година. Забележа десет победи, осум нерешени и шест порази.
Како привремено решение, „Старата дама“ го назначи Масимо Брамбиле, кој ќе го предводи тимот против Удинезе.

