Спорт
Богдановиќ во Јута, Вокер нов играч на Бостон

Стартуваше преодниот рок на „слободни агенти“ во НБА-лигата. Уште во првите неколку часа се случија неколку интересни договори.
Бојан Богдановиќ од Индијана Пејсерс се сели во Јута Џез. Хрватскиот репрезентативец ќе потпише четири годишен договор вреден 73 милиони долари. Богдановиќ годишно ќе заработува нешто повеќе од 18 милиони долари со што стана најплатениот хрватски спортист во историјата.
Поранешниот МВП, Дерик Роуз од Минесота оди во Детроит Пистонс. Роуз потпишал две годишен договор за 15 милиони долари.
Харисон Барнс реши да остане во Сакраменто Кингс. За четири години од тимот од Калифорнија Барнс ќе добие 85 милиони долари.
Милвоки Бакс ги задржаа Крис Модлтон и Брук Лопез. Мидлтон потпиша одличен договор, за пет години ќе инкасира 178 милиони долари, додека Лопез ќе добие 52 милиони долари за четири години.
Бостон Селтикс бргу најдоа замена за Кајри Ирвинг. Нов играч на најтрофејната франшиза е Кемба Вокер. Сега веќе екс играчот на Шарлот од Селтикс ќе добие 141 милиони долари за четири години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Арсенал избегна пораз на „Олд Трафорд“ и се оддалечи од борбата за титулата

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа 1:1 во 29.коло во Премиер лигата. Резултатот во дербито веројатно ги реши сите дилеми околу шампионската титула. Ливерпул на првото место со натпревар повеќе има 15 поени повеќе од Арсенал.
Многумина ги отпишаа „црвените ѓаволи“ во пресрет на овој натпревар, но избраниците на Рубен Аморим изгледаа навистина добро и имаа повеќе можности за гол од своите ривали.
Давид Раја и покрај тоа што прими гол од слободен удар, го спаси Арсенал од пораз . Јунајтед во втроиот дел не искористи неколку одлични шанси за домашните.
„Црвените ѓаволи“ водеа од втората минута, од судиското надополнување на времето во првиот дел, кога Бруно Фернандеш, во стил на Дејвид Бекам, постигна гол од 23 метри.
Арсенал изедначи со голот на Деклан Рајс во 74.минута.
BRUNO FERNANDES BEST PLAYER IN THE WORLD!!!!!!! ARE YOU MADD!!!!!!
— AB⚕ (@AbsoluteBruno) March 9, 2025
Спорт
(Видео) Реал го победи Рајо, повторно го скокна Атлетико на табелата

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано во 27. коло од Ла Лига.
„Врие“ во борбата за трофејот во шпанското првенство, моментално Реал Мадрид и Барселона имаат по 57 бода, Атлетико бод помалку.
Ова се случи по победата на Реал над Рајо Ваљекано (2:1) во 27.коло, а Барселона има меч помалку откако им беше одложен дуелот со Осасуна.
Реал уште во првото полувреме го трасираше патот до триумфот. Првиот гол го постигна Килијан Мбапе во 30. минута, додека Винисиус четири минути подоцна ја удвои предноста на „кралскиот клуб“.
Стрелец на единствениот гол за Рајко Ваљекано беше Дијаз во судиското надополнување на првото полувреме, а бидејќи во вториот дел немаше голови, Реал Мадрид ги освои трите бода.
Спорт
(Видео) Кукуреља ги скрати маките на Челси, Тотенхем се спаси од пораз против Борнмут

Челси со тешка мака го победи Лестер (1:0), а Тотенхем успеа да се спаси од пораз против Борнмут (2:2), во 28.коло, во Премиер лигата на Англија.
Челси мака мачеше во дуелот со еден од најлошите тимови во Англија. „Сините“ не искористија пенал во 22.минута, Кол Палмер не успеа да погоди. Отпорот на гостите го скрши Марк Кукуреља по еден час игра.
Челси со овој триумф скона на четвртото место на табелата со 49 бода, два повеќе од Манчестер сити.
Вториот натпревар, одигран во истиот термин во Лондон беше многу поинтересен, немаше победник во пресметката меѓу Тотенхем и Бурнемаут, 2:2.
Гостите долго ќе жалат за триумфот, кој значително ќе им ги подобрише шансите за настап во Европа следната сезона. Имаа предност од два гола, но…
Таверние го доведе Борнмаут во водство по асистенција на унгарскиот интернационалец Милош Керкез во 42. минута. Еванилсон ја удвои предноста во 65. минута.
Сепак, играчите на тотенхем не се откажаа. Сар им ја врати надежта, постигнувајќи гол само две минути подоцна, а потоа Сон од пенал во 84. минута го постави конелниот резултат.