Спорт
Бојан и Богдан Богдановиќ во сенка на нестварниот Ембид
Џоел Ембид, ѕвездата на Филаделфија, со својата индивидуална партија, го засени она што го направија за своите тимови Бојан и Богдан Богдановиќ.
Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија до победата над Шарлот од 131:113. Камерунскиот центар постигна 53 поени (20-32 од поле) и стана првиот играч со два 50+ натпревари оваа сезона, откако постигна 59 поени против Јута.
„Топката ме наоѓаше“, изјави Ембиид, кој додаде 12 поени и 3 асистенции. Џејмс Харден постигна 19 поени (6-12 од поле), 9 скока и 16 асистенции, а Тобијас Харис постигна 17 поени.
Тери Розиер (10-20 од поле, 8ск, 6аст) и Кели Убре (11-23 од поле) беа најдобри кај Хорнетс со по 29 поени.
Во драматичен натпревар, по едно продолжение, Атланата го победи Чикаго 123:122. Е-Џеј Грин, од тешка позиција со звукот на сирената им ја донесе победата на Атланта. Богдан Богдановиќ со 28 поени, 7 скока и 5 асистенции ја предводеше Атланта.
Другиот Богдановиќ, Бојан, од Детроит Пистонс го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Тој постигна 38 поени, 25 од нив во третата четвртина, но не успеа да ја спречи победата на ЛА Лејкерс 117:124. Кај екипата од ЛА блескаа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис со 35 и 34 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барса веќе знае на кого ќе потроши 35 милиони евра следното лето

Преодниот рок наредната година ќе биде многу важен за Барселона, која мора да реши голем број клучни проблеми во тимот.
Веќе сега е јасно дека наредното лето, Барселона ќе мора да донесе централен дефанзивец и напаѓач. Исто така клубот треба да донесе донесе и одлука околу статусот на Маркус Рашфорд, кој моментално е на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Рашфорд пристигна во Каталонија на едногодишен договор за позајмица со опција за откуп, за кој се верува дека е околу 34,5 милиони евра.
На почетокот на сезоната, во првите два месеци, Рашфорд покаѓа дека би бил добра инвестиција, доколку Барселона реши да го откупи неговиот договор.
Рашфорд одигра 10 натпревари со три гола и пет асистенции. Неговите настапи ги импресионираат челниците на Барселона, кои веќе се подготвени да донесат одлука за негови траен ангажман, пишуваат англиските медиуми.
Спорт
Тајсон Картер страда од белодробна тромбоемболија

Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ги потврди лошите вести поврзани со плејмејкерот Тајсон Картер.
Американецот вчера бил хоспитализиран во Белград, а клубот потврди дека тој страда од белодробна тромбоемболија, што значи дека ќе има подолга пауза и закрепнување надвор од теренот.
Како што објави неговиот тим, по натпреварот со Фенербахче, Картер се пожалил на болки во градите и стомакот, како и на отежнато дишење.
Брзата реакција на медицинскиот персонал и стручниот штаб била клучна, а играчот веднаш беше префрлен во Клиничкиот центар, каде што му била дијагностицирана белодробна тромбоемболија.
Клубот му се заблагодари на Клиничкиот центар за брзата и професионална интервенција. Во моментов нема прецизна прогноза кога Картер би можел да се врати на теренот, бидејќи го очекува период на лекување и целосно закрепнување.
Белодробна емболија се јавува кога згрутчување на крвта (тромб), обично од длабоките вени на нозете (т.н. длабока венска тромбоза), се откинува и стигнува до белите дробови преку крвотокот. Потоа згрутчувањето блокира дел од пулмоналната артерија, така што тој дел од белите дробови повеќе не може да добие доволно крв и кислород.
Булмоналната емболија е сериозна состојба која бара строг одмор и терапија, а здравствената состојба на американскиот плејмејкер редовно ќе се следи.
Црвена зведа, во Евролигата, во вторник е четврток ќе ги пречека Жалгирис и Реал Мадрид.
Спорт
Почина Илија Темелковски

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, на 71-годишна возраст почина Илија Темелковски.
Во својот работен век како тренер ги предводеше Тинекс Пролет, Еурофарм Пелистер и Струга.
Како селекторт на младата репрезентација го освои четвртото место на Европското првенство во Полска во 2002 година.
Сениорската репрезенација ја однесе на Мундијалот во Хрватска, го освои 11-то место, но она што е позначајно, тука започна континуитет на учествоото на големите натпреварувања кој трае до денес.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот на Градските гробишта Бутел.
Фото: РФМ/Фејсбук