Спорт
Бојкот на социјалните мрежи поради расизмот во англискиот фудбал

Асоцијацијата на професионални фудбалери во Премиер лигата (ПФА) поведе кампања за бојкотирање на социјалните мрежи 24 часа поради расизмот во фудбалот.
ПФА побара од професионалните фудбалери во Англија и Велс да постираат графика со хештег „#Enough“ (доста) во петок во 8 часот наутро. Ова е обид да се натераат социјалните мрежи да се вклучат во борбата против расистичките коментари на интернет.
Дени Роуз од Тотенхем ја поддржа кампањата: „Не сакам во иднина фудбалерите да поминуваат низ тоа што јас поминував“, а Крис Смолинг од Манчестер јунајтед исто така застана зад кампањата неколку дена откако неговиот соиграч Ешли Јанг на „Твитер“ доби тирада расистички коментари по елиминацијата од Барселона.
„Во мојата кариера добив дебела кожа против вербалните напади сметајќи дека се работи за дел од играта, но дојде време ‘Твитер’, ‘Инстаграм’ и ‘Фејсбук’ да ги регулираат своите канали“, изјави Смолинг.
?????? Making a stand against racist abuse!
A player led 24hr boycott on social media.
Read more: https://t.co/XxVkrefZ1H pic.twitter.com/I787Ar6rKg
— PFA | Professional Footballers’ Association (@PFA) April 18, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артета: Ако продолжиш да копаш, еден ден ќе најдеш злато

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја освои титулата пред почетокот на новата сезона.
Лондонските „топџии“ завршија на табелата, три пати во претходните три сезони. Прво, двапати беа зад Манчестер сити, а минатата сезона зад Ливерпул.
„Ако веруваш во она што го работиш, еден ден ќе ја постигнеш својата цел. Може да биде и фигуративно: Ако продолжиш да копаш и си упорен, еден ден ќе стигнеш до златото. Тоа е она што ме учеа целиот мој живот“, рече шпанскиот тренер и додаде:
„Ако ја погледнете математиката, собравме повеќе бодови од кој било друг тим во лигата во последните три сезони, а тоа многу зборува за нашата конзистентност. Сега треба да го направиме тоа во една сезона“, рече Микел Артета, пренесува Би-Би-Си.
Тимот на Арсенал во првото коло ќе го одигра дербито поротив Манчестер јунајтед. Натпреварот на „Олд Трафорд“ во Манчестер се игра в недела од 17.30 часот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Салах плачеше на крајот од натпреварот

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа.
Неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се избори со своите емоции.
Тоа можеше да се види во текот на целиот натпревар, а на крајот постигна гол и му го посвети на Жота, го прослави како што некогаш правеше Португалецот.
На крајот од натпреварот, тој се расплака.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025
Спорт
Икарди по девет месеци се врати со гол

Галатасарај оствари уште една победа оваа сезона, но она што најмногу ги израдува навивачите беше враќањето на теренот на Мауро Икарди.
Aргентинскиot напаѓач не играше од 7 ноември минатата година поради повреда на лигаментите. Конечно ги доби своите пет минути, но буквално.
Тој влезе во игра во 81-та минута и постигна гол по само шест минути. Со тој гол, Галатасарај победи против Карагумрук со 3:0. Икарди го постигна првиот гол од 23 октомври и натпреварот од Лига Европа против Елфсборг.
Минатата сезона, Икарди постигна вкупно шест гола на 14 натпревари пред повредата.