Спорт
Бока јуниорс подготвиле понуди за Кавани и Тореира

Бока јуниорс забрзано работат на она што ќе се случува во летниот преоден рок. Директорот на клубот, Хуман Роман Рикелме, ќе се обиде да го потпише уругвајскиот тандем, Единсин Кавани-Лукас Тореира.
Рикелме подготвил три годишен договор со Кавани, откако се погласни станаа шпекулациите дека тој сака да го напушти Манчестер јунајтед.
Кавани во Бока јуниорс би играл за четири милиони евра годишна плата.
Тореира, пред две недели, истакна дека сака да го облече дресот на славниот клуб. Лукас Тореира се наоѓа во Уругвај, неодамна од коронавирусот почина неговата мајка. Поради тоа тој сакал да биде блиску до семејството.
Лукас Тореира, на почетокот на сезоната од Арсенал на позајмица се пресели во Атлетико Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стојковиќ: Одговорноста за поразот од Албанија е само моја

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа пораз од Албанија со 0-1 во Лесковац, сериозно загрозувајќи ги шансите за пласман на Светското првенство. Навивачите на трибините скандираа „Пикси, оди си“, а селекторот Драган Стојковиќ ја прифати одговорноста.
„Јас сум виновен, јас сум предводник на селекцијата и ја преземам целата одговорност. Апелирам да не ги критикувате фудбалерите, вината е целосно моја. Ни на крај не ни доаѓаше во мислите дека ќе го загубиме мечот од Албанија. Примивме гол по прекин на играта, во второто полувреме се обидовме да израмниме, но не успеавме. Албанија беше добро организирана во одбраната“, изјави Стојковиќ по мечот.
Следен натпревар за Србија е против Андора, но останува неизвесно дали Стојковиќ ќе остане на селекторската позиција.
Спорт
ВИДЕО: Албанците ја шокираа Србија во Лесковац, Португалците славеа и покрај промашениот пенал на Роналдо

Фудбалската репрезентација на Албанија изненади на гостувањето кај Србија во Лесковац, славејќи со 0-1. Голот за гостите го постигна Реј Манај во завршните моменти на првото полувреме, додека тимот на Драган Стојковиќ – Пикси одигра под очекувањата. Сега на Србија сериозно и е загрозен пласманот на Светското првенство во 2026 година.
🚨 Rey Manaj 45′ +1
World Cup Qualification | 🏆 Serbia 0-1 Albaniapic.twitter.com/VHmftaAMia
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 11, 2025
Кристијано Роналдо промаши пенал за Португалија, но тоа не ја загрози победата на неговиот тим, кој со голот на Рубен Невеш во 90-тата минута го освои триумфот.
Турција ја декласираше Бугарија на гости со 1-6, додека Италија славеше против Естонија со 1-3. Шпанија на домашен терен го победи Грузија со 2-0, благодарение на головите на Пино и Ојаразбал, додека Феран Торес промаши пенал.
Спорт
Александар Стојанов замина од тренерската позиција во Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица ќе ја продолжи сезоната со нов тренер. Александар Стојанов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб по двата последовни порази на струмичкиот второлигаш.
Тимот имаше одличен почеток на сезоната – пет победи и едно реми во првите шест кола. Сепак, неуспесите против Осогово и Шкендија Арачиново ја променија ситуацијата.
„Во спортот победите и поразите одат заедно. По два порази по ред ја преземам целата одговорност. Дадов сè од себе за клубот, но кога не оди – време е да се направи чекор назад“, рече Стојанов по оставката.
Иако Беласица има најдобар старт во последните години, тимот ќе мора да продолжи без својот досегашен стратег. Клубот во следните денови ќе го објави името на новиот тренер.