Спорт
Болтхаузер доживотно суспендиран од Евролигата (ВИДЕО)
Словенечкиот кошаркарски судија Матеј Болтхаузер повеќе не е на списокот на судии во Евролигата.
Болтхаузер беше снимен на аеродромот Никола Тесла на 8 декември минатата година како го краде парфемот на Том Форд од „фри шоп“. Селектор на Евролига поради ова покрена истрага, а Словенецот повеќе не се појави на теренот.
Така беше и на почетокот на оваа сезона, а сега, според шпанскиот новинар Жорди Вале Симо, Болтхаузер е доживотно суспендиран, бидејќи ЕЛ на својата веб-страница го ажурираше списокот на судии, а на него нема Словенец.
ŞOK İDDİA: EuroLeague hakemi Matej Boltauzer, Partizan – Monaco maçı sonrası, Belgrad'da hırsızlık yaparken yakalandı ve tutuklandı! 😳pic.twitter.com/KIY79VXoic
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) April 26, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пења: Тимска победа, видовте колку пати ги фативме во офсајд играчите на Реал
Барселона убедливо го победи Реал среде Мадрид со 4:0 што се играше во рамките на 11. коло од Ла Лига. Со оваа победа избраниците на Ханси Флик стекна предност од шест бода во однос на Реал на врвот на табелата во шпанското првенство.
Еден од најдобрите во тимот на Барселона беше голманот Ињаки Пења, кој во второто полувреме два пати излезе како победник во ситуациите „еден наеден“ со Килијан Мбапе.
Младиот голман откри дека тренерот Ханси Флик побарал од дефанзивците да играат многу високо, што вродило со плод бидејќи дури 12 пати ги фатиле напаѓачите на Реал во офсајд, шест пати во недозволена позиција беше фатен Килијан Мбапе.
„Дојдовме овде по натпреварот со Баерн, знаевме дека оваа недела ќе биде клучна за тоа што не очекува во остатокот од сезоната и постигнавме два брутални резултати, но остануваат уште многу натпревари до крајот на сезоната. Најважно е што покажавме дека ментално не сме исти и дека можеме да го победиме секој противник.
Тренерот бараше да играме многу високо. Тој бара никогаш последната линија да не ја спуштаме ниско, особено против тимови кои имаат моќни и брзи играчи во нападот. Опасно е да се игра вака, но тимската работа најдобро се виде преку бројот на офсајди во кој фативме играчи на Реал“.
Спорт
Саинц пред Макс и Норис на пол-позицијата во Мексико, разочараа Пјастри и Чеко Перез
Ферари ја потврди добрата форма со пол-позцијата на Карлос Саинц за трката на Големата награда на Мексико. Шпанецот добинира во третата квалификациска сесија, до првото место пред трката дојде со време 1:15.946 минути.
Саинц во својот болид делуваше исклучително добро, никој не можеше да го следи неговиот ритам. Тој беше побрз од Макс Ферстапен за речиси три десетнки.
Трката во Мексико од втроито стартен ред ќе ја започнат пилотите на Мекларен и Ферари, Ландо Норис и Шарл Леклер. Третиот ред го освоија возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.
Во првите десет на стартот ќе бидат и Кевин Магнусен (Хас), Пјер Гасли (Алпин-, Алекс Албон (Вилијам) и Нико Хулкенберг (Хас).
Разочарувачки квалификации имаа Оскар Пјастри од Мекларен и домашниот милени Серхио Перез (Ред Бул). Пјастри ќе стартува од 17., а Мексиканецот оод 18.место.
Трката за Големата награда на Мексико ќе започне во 21 часот по македонско време.
Спорт
Анчелоти: Мојот став е дека ова беше изедначен натпревар
„Мое мислење е дека ова беше изедначен натпревар. Имавме неколку можности, беше многу интензивно во првото полувреме, можевме да постигнеме гол ако бевме малку попрецизни. Можевме да бидеме тие што ќе поведат. Кога постигнаа гол, веднаш постигнаа уште еден и ни ја исцицаа целата енергија, бидејќи ризикувавме во бековската линија, а тие беа многу опасни во контранапад“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по дебаклотна неговиот тим во дербито против Барселона (0:4).
Барселона победи на „Сантијаго Бернабеу“ со головите на двојниот стрелец Левандовски и головите на Ламал и Рафиња.
„Бев задоволен од тоа како одигравме во првото полувреме. Сега е очигледно дека ова е силен удар за нас. Морам да им се заблагодарам на навивачите кои беа со нас до крајот. Добро се натпреварувавме 60 минути, а последните 30 минути мора да ги заборавиме.
„Сезоната е многу долга, не смееме да се однесуваме како сега се да е готово. Тоа не е добро, тоа не го прават сериозните тимови. Ќе работиме на тоа да бидеме подобри и да видиме каде ќе не однесе“, рече Анчелоти и потоа го коментираше настапот на Килијан Мбапе. .
„Ризикувавме, знаевме дека Барселона ќе застане високо, нормално е да има многу протстор зад нивниот грб.
Дали е ова најтешката ноќ за тебе како тренер на Реал?
Не би рекол, не се каам за ништо. Во првото полувреме игравме исто како што игравме против Дортмунд. Имавме добри можности. Идејата беше да притиснеме високо и да нападнеме, а тоа го правевме 60 минути. Овој момент е тежок, но секогаш е така кога губиш, особено сега кога тоа се случи по 42 натпревари без пораз.“