Спорт
Бомба во Англија – Конте на клупата на Тотенхем?

По цела деценија, го врати скудето на „Џузепе Меаца“ и веднаш потоа реши да си оди од клубот.
Следната дестинација на Антонио Конте може да е англиски Тотенхем. И темпераментниот тренер и доскорешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи, се желба на челниците на „петлите“.
Според информациите на доброупатените извори во Лондон, останува да се договорат само деталите, па Конте, кој ја има освоено Премиер лигата со Челси, да се врати во главниот англиски град.
Конте се споменуваше како најсериозен кандидат за нов тренер на Реал Мадрид, но искусниот Карло Анчелоти се врати на „Сантијаго Бернабеу“.
Во моментот Тотенхем е без менаџер откога Жозе Мурињо во финишот на сезоната си замина и премина во редовите на Рома. По заминувањето на Португалецот, функцијата тренер ја извршуваше Рајан Мејсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити ја доби куп-битката со Арсенал

Манчестер сити се во четврт-финалето на најстарото клупско натпреварување на светот, ФА купот, откако во лута битка со Арсенал излегоа со 1:0 победа на „Етихад“.
Иако не се работеше за меч од Премиерлигата, секако, вниманието беше насочено кон Манчестер, каде што се судрија лидерот во Премиерлигата, Арсенал и нивниот главен ривал, актуелниот шампион Сити, во пресметка на Пеп Гвардиола со неговиот „ученик“, Микел Артета.
Во израмнет меч во кој двата тима имаа свои шанси, неочекуван херој на „граѓаните“ беше дефанзивецот Натан Аке, кој во 63. минута по една опасна ситуација и статива пред голот на Арсенал, упати удар кој беше недостижен за Арон Ремсдејл.
Спорт
Моќната Франција силно преку Шведска за мундијалско финале

Франција ќе го предизвика актуелниот двократен шампион, Данска во финалето на Светското првенство во ракомет, откако покажаа фуриозна форма за да стигнат до голем 31:26 (16:12) победа над Шведска, на кои не им помогна ниту поддршката од трибините.
Освен на стартот на мечот, кога водеа со 3:2, Швеѓаните постојано ја бркаа предноста на „триколорите“, кои првото полувреме го завршија со четири гола предност (16:12). Во второто полувреме, постојано траеше притисокот на „трите круни“, но Французите ја оддржуваа предноста и стигнаа до максимални +6.
Винсен Жерар беше фантастичен на голот на Франција, Лоик Фабрегас постигнаа шест гола, а во форма со пет гола беа и Дика Мем и Кентин Мае во вистинска тимска победа, додека во отсуство на Џим Готфридсон, Јохансон со 5 гола и Петерсон со 4 беа лидери на Шведска.
Франција за својата седма титула на Светските првенства, ќе се судри со Данска, во реприза од олимпиското финале во Токио, додека за Шведска останува борбата за бронзата со Шпанија.
Спорт
Собослаи ги донесе Лајпциг на само поен од Баерн!

Унгарскиот ас Доминик Собослаи постигна два гола за да ги предводи РБ Лајпциг до 2:1 победа над Штутгарт во првиот меч од 18. коло во германската Бундеслига, со што „биковите“ дојдоа на само еден поен од лидерот Баерн Минхен.
Собослаи го отвори резултатот во 25. минута, а својата одлична форма оваа сезона Унгарецот ја продолжи во второто полувреме со вториот гол во 49. минута по асистенција на Андре Силва. Штутгарт успеаја финишот на мечот да го направат интересен, откако беше досуден пенал, а Крис Фурих беше сигурен реализатор во 68. минута.
РБ Лајпциг сега се на второто место на табелата со 35 поени, еден поен зад Баерн (кои утре играат со Ајнтрахт во дербито на колото), додека Штутгарт се само на 15. место со 16 поени, исто како и 16-пласираниот Бохум (со натпревар помалку).
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-42268”));