Спорт
Борнмут го ангажираа поранешниот тренер на Димитриевски, Андони Ираола
Борнмут го поставија поранешниот тренер на Рајо Валјекано, Андони Ираола како нов менаџер по денешната неочекувана одлука да го отпуштат Гери О’Нил, и покрај тоа што тој им обезбеди опстанок во Премиерлигата.
Ираола ги врати Рајо во Ла лига во неговата прва сезона на клупата во 2020/21, пред следната сезона да ги однесе до полуфиналето на Копа дел реј. Шпанецот потпиша двегодишен договор со клубот од „Виталити“.
„Андони беше баран од повеќе клубови од континтентот поради неговиот стил на фудбал и тоа беше клучната причина за неговото ангажирање. Неговите успеси во Шпанија се импресивни и веруваме дека тој е вистинскиот човек за работата“, вели газдата и претседател на клубот, Бил Фоли.
We are delighted to announce the appointment of Andoni Iraola as the club's new head coach.
Welcome to #afcb, Andoni 🤝
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) June 19, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
За паркинг ќе се плаќа и по 300 долари на Светското првенство во Лос Анџелес
ФИФА повторно е на удар на критики поради цените за паркинг на натпреварите од Светското првенство 2026 во Лос Анџелес. Според извештаите, паркинг пропусници за натпревари на Софи стадионот се продаваат по цена од 250 до 300 долари по место, иако се наоѓаат повеќе од една милја (околу 1,6 километри) оддалеченост од стадионот, објави утрово „Дејли мејл“.
Навивачите се лути бидејќи цената за паркинг е повисока од билетите за некои натпревари од групната фаза.
„Паркинг цените се одредуваат врз основа на локалните пазарни услови и споредба со други големи настани,“ изјавија од ФИФА за „Атлетико“.
Стадионот во Лос Анџелес ќе биде домаќин на осум натпревари, вклучувајќи го и отворањето на репрезентацијата на САД и една четвртфинална средба.
Фото: Депозитфотос
Спорт
Само што дојде во Џирона, Тер Штеген се повреди
Марк-Андре Тер Штеген доживеа нова повреда.
Тој штотуку пристигна во Џирона, како позајмен од Барселона, а поради повредата тој би можел експресно да се врати на „Ноу Камп“.
Каталонски извори денес потврдија дека Тер Штеген доживеал повреда на мускулот што ќе го оддалечи од терените помеѓу два и три месеци.
Не е невозможно Џирона да ја прекине позајмицата бидејќи паузата со која се соочува Германецот воопшто не е кратка. Џирона има проблем, бидејќи остана само со Газанига, откако Ливаковиќ го напушти клубот и се врати во Динамо Загреб.
Што се однесува до Тер Штеген, сигурно е дека оваа повреда дополнително ги намали неговите шанси да биде прв голман на Германија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Foto/ EPA
Спорт
Нико Вилијамс на нова пауза
Нико Вилијамс, навистина нема среќа оваа сезона. Повторно се повреди и мора да направи уште една долга пауза.
Шпанскиот репрезентативец страда од повреда на пубалгија. Третманот што му го препишаа лекарите на клубот не донесе никаков напредок и сега ќе мора да ги променат терапиите, бидејќи Нико Вилијамс игра со болки веќе некое време.
Исто така, клубот направи ризик поради настапот во Лигата на шампионите, на крајот тој ризик не му донесе ништо добро на Атлетик. Клубот заврши на 29-то место и не се пласираше ниту во плејофот.
Сега новиот проблем е што Нико Вилијамс ќе направи пауза до крајот на март, кога е репрезентативната пауза, па сигурно е дека ќе игра за тимот на Ернесто Валверде од април.
Во среда, Атлетик Билбао ќе биде домаќин на Валенсија во Кралскиот куп, а потоа ќе има натпревари со Леванте, Овиедо, Елче, Рајо Ваљекано, Барселона, Џирна и Бетис. Сите овие натпревари Нико Вилијамс ќе ги пропушти.
Се очекува тој да биде подготвен за гостувањето кај Хетафе на 5 април.
Foto/ depositphotos

