Спорт
Борусија (Д) доби капитално засилување, Томас Муние стана „милионер“

Белгискиот фудбалски интернационалец, Томас Муние (28) го официјализираше трансферот од ПСЖ во Борусија Дортмунд и потпиша четиригодишен договор.
Договорот на Белгиецот со „светците“ истекува на 30 овој месец, па германскиот клуб без отштета ги доби неговите услуги.
Муние со ПСЖ освои три титули во Лига 1 во четирите сезони поминати во Париз. Во францускиот шампион дојде од редовите на белгиски Бриж каде се афирмираше на меѓународната сцена.
За ПСЖ одигра 128 меча, постигна 13 гола и имаше 21 асистенција.
Borussia Dortmund have completed the signing of Thomas Meunier on a contract until 2024! ✍️ pic.twitter.com/OLIuvBUyzA
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) June 25, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Додека трае сагата со Исак, Њукасл го заврши трансферот на Виса

Додека трае сагата со Александер Исак, Њукасл работи на трансферот на Јоан Виса од Брентфорд.
Александар Исак сака да си замине по секоја цена. Затоа не тренира со тимот и нема да биде во протоколот за натпреварот против Астон Вила на почетокот од Премиер лигата.
Првиот стрелец на тимот е голема желба на Ливерпул, но клубовите се далеку од постигнување договор.
Затоа Њукасл се сврте кон други решенија и се чини дека пронајдоа замена во Брентфорд. Јоан Виса наскоро треба да го засили тимот што ќе игра во Лигата на шампионите оваа година.
Виса доаѓа по одлична сезпна во Бранфорд. Репрезентативецот на Конго постигна 19 гола на 35 натпревари во сезоната 2024/25 и заедно со Мбеумо, кој се пресели во Манчестер јунајтед е најзаслужен за добрите резултати на Брентфорд.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена бидејќи Виса, како и Исак, по секоја цена сака да го смени клубот.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол го елиминира Партизан од Конференциската лига, испадна и Хајдук

Регионалните великани Партизан и Хајдук од Сплит не успеаја да ја минат третата рунда во квалификациите за пласман во главната фаза во Конференциската лига. Партизан испадна од Хибернијан, а Хајдук од Динамо Тирана.
Двата тима испаднаа по продолженијата, откако во раната фаза на второто полувреме останаа со играч помалку.
Во Единбург, Партизан во 90.минути победи со 3:1, го изедначи резултатот во вкупниот скор со голот на Костиќ во 95.минута. Надежите на црно-белите ги урна Каден во 100.минута.
Мечот го обележа спектакуларниот гол на Боуви во 60.минута, кога во тој момент ја намали предноста на гостите на 1:2.
Хајдук во Тирана доживеа пораз од 3:1. Во регуларниот тек Динамо ја анулираше предноста од еден гол. Во 99.минута Хајдук изедначи, а потоа со играч помалку во две минути доживеа дебакл, во 109. и 111. минута за Тирана погодија Кардаку и Бериша.
Спорт
Новата ѕвезда на Реал Мадрид ги шокираше навивачите со одговор на прашањето „кој е најдобар фудбалер во светот?“

Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.
Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.
Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.
„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.
Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
ФОТО/ EPA/Chema Moya/