Спорт
Борусија Менхенгладбах доведе швајцарски стратег

Швајцарецот Херардо Сеоане е нов тренер на германскиот клуб Борусија Менхенгладбах. 44-годишниот швајцарски тренер потпиша тригодишен договор, соопшти бундеслигашот.
Тој на клупата го замени Даниел Фарке, кој го напушти клубот минатата недела откако тимот ја заврши сезоната на десеттото место на табелата во Бундеслигата.
„Херардо Сеоане беше успешен во неколку клубови во изминатите години. Тој е млад тренер, но со големо искуство. Негува стил на фудбал што сакаме да го видиме од нашиот тим“ велат од клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Де Хеа замина бесплатно, дојде Онана да ги нервира навивачите на Јунајтед

Навивачите на Манчестер Јунајтед се уште жалат што Давид Де Хеа мораше да го напушти „Олд Трафорд“. Клуботреши да не му понуди нов договор на 34-годишниот Шпанец, кој го напушти Јунајтед по 12 години, пред почетокот на минатата сезона, бидејќи тогашниот менаџер Ерик тен Хаг сакаше голман кој знае да игра со нога.
Тен Хаг се реши за Онана со кого работеше во Ајакс, а Јунајтед на Интер му плати 50 милиони евра.
Сепак, поранешниот голман на Ајакс брани во променлива форма и се чини дека не може да ја убеди фудбалската јавност дека е долгорочно решение за „црвените ѓаволи“.
Неговиот најнов кикс во средата на натпреварот против Ипсвич уште еднаш ја покрена оваа тема и предизвика гнев кај навивачите на „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми пресметаа дека Андре Онана направил 12 грешки за помалку од две години поради кои топката заврши во мрежата на Манчестер Јунајтед, што е драстично повеќе од Давид Де Хеа, кој направи само 17 такви грешки во текот на 12-те години во клубот.
Шпанецот од оваа сезона брани во Серија А за Фиорентина, па статистичарите го споредија учинокот на двајцата голмани во изминатиот период.
Онана бранеше на 27 натпревари од почетокот на сезоната и успеа да ја сочува мрежата на вкупно седум, исто како и Де Хеа, кој беше на голот на Фиорентина на четири натпревари помалку, Онана веќе прими 39 гола, Де Хеа 25. Процентот на успешни одбрани е исто така на страната на Шпанецот (72:65%).
Важно е и тоа што Фиорентина нема примено гол по грешак на Де хеа, за разлика од Онана.
Она во што Камерунецот е далеку подобар е играта со нога, има 300 додавања повеќе од Де Хеа. Прашање е дали вреди?
You be the judge.
David de Gea vs André Onana in the same situation in the same season. https://t.co/4779IFZ7xB pic.twitter.com/ACKMWUvKUq
— ☥ 🔞 𝕂 (@spyderkam) February 27, 2025
Спорт
Баерн се повлече од преговорите со Кимих – Капитенот ќе го напушти Минхен

Баерн Минхен се повлече од преговорите со Џошуа Кимих и нема да му понуди нов договор на капитенот, пишува „Билд“.
„На состанокот на Надзорниот одбор било одлучено да се напуштат преговорите бидејќи Кимих премногу се двоумела“, објави највлијателниот германски медиум.
Овој триесетгодишен фудбалер во Баерн пристигна во 2015 година од Лајпциг и оттогаш одигра повеќе од 400 натпревари за тимот од Минхен.
Кимих во Баерн заработува околу 20 милиони евра годишно, а новиот договор што му беше понуден подразбираше мало покачување на платата.
Одлуката на Баерн да се повлече од преговорите го вклучи алармот кај водечките европски клубови. Германските медиуми започнаа со лицитацијата каде Кимих ќе ја продолжи кариерата.
Според нив во пол-позицијата е Барселона, најмногу поради тренерот Ханси Флик, кој му беше тренер во Баерн и германската репрезентација.
Спорт
Јувентус го поддржа тренерот Мота

Тијаго Мота останува тренер на Јувентус, иако „старата дама“ не игра добро. Јувентус испадна од Лигата на шампионите, а во средата го заврши учеството во Купот на Италија, додека во Серија нема шанси да се бори за титулата.
По елиминацијата од Емполи во Купот, Тијаго Мота ги критикувше играчите, рече дека „треба да се засрамат“ и доби поддршка од клупските челници.
Поточно, од спортскиот директор Кристијан Џунтоли, кој изјави дека клубот не размислува да го отпушти тренерот.
„Иднината на Тиаго Мота не е загрозена. Веруваме во овој проект бидејќи тоа е вреден и важен план за клубот. Се разбира, се согласуваме со Тијаго кога тој вели дека натпреварот против Емполи бил неприфатлив”, изјави тој за „Скај Спорт Италија“.