Спорт
„Борусија нема да фрла пари како што го прават тоа во Баерн“
„Дерби за шампионската титула“, вака германските медиуми го најавуваат дербито помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе го одиграат вечерва од 18.30 часот во Минхен.
Борусија на лидерската позиција има два бода повеќе од актуелните шампиони. Баерн непланирано останаа без два бода во минатото коло, но првиот човек на Борусија, Ханс-Јоаким Вацке, тврди дека Баерн не се во криза.
„Кога во 2011 година ние имавме 74 бода, а Баерн 65…е тогаш Баерн беа слаби, а ние јаки. Сега тие имаат победи на 13 од последните 15 натпревари, а имаат само два бода помалку. Не се тие слаби, туку и Баерн и Борусија се јаки“, рекол Вацке, не заборавајќи да ги потенцира добрите односи што ги имаат двата тима.
Претседателот на Борусија рекол дека двата тима имаат различна филозофија кога се во прашање трансферите.
„Пример е трансферот на Лукас за кого Баерн платија 80 милиони евра. Секако дека парите се важни, но не се пресудни. Погледнете ги Тотенхем. Во два преодни рока не купија никого, а видете јаде се…Во четврт-финалето во Лигата на шампионите и високо котираат во Премиер лигата. Нема шанси ние да трошиме како Баерн. Не оди тоа така. Бафрем не во поблиската иднина. За мене премногу е кога треба да платиме данок кога ќе продадам играч за 80 милиони евра“.
Вацке уште еднаш потврдил дека англискиот тинејџер Џејдон Санчо нема да го напушти клубот во летниот преоден рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

