Спорт
Бостон има нов сопственик – Селтикси се најскапата франшиза

Еден од главните партнери на „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм е новиот сопственик на Бостон Селтикс.
Веста ја објави новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија.
Како што наведе, Чисолм ќе му плати на семејството Гросебек неверојатни 6,1 милијарди долари.
Доколку оваа цена се покаже како точна, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка.
За работите да бидат уште поневеројатни, Грусбекс ги купија Селтикс во 2002 година за само 360 милиони долари.
Бостон Селтикс се актуелни шампиони во НБА, низ историјата 18 пати биле шампиони, што ги прави најтрофејна франшиза.
По 69 одиграни натпревари оваа сезона, Бостон е на второто место на Истокот со 50 победи и 15 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) За малку тепачка поради „паненка“ на „Бернабеу“

Дани Карвахал имаше блиска средба со Букаја Сака на полувремето од реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.
„Марка“ пишува дека искусниот дефанзивец, кој поради повреда на лигаментите, уште пред неколку месеци ја заврши сезоната, „ја презеде капитенската улога веднаш по крајот на првото полувреме за да му приговори на англискиот играч за начинот на кој го изведе пеналот“.
„Дани Карвахал беше првиот што направи чекор напред по судискиот свиреж, кој ги испрати сите 22 играчи во тунелот во соблекувалната. Капитенот на Реал Мадрид, кој остана со соиграчите со оглед на важноста на натпреварот, чекаше сите играчи да го напуштат теренот, ги поддржа соиграчите и им аплаудира на противниците додека не дојде Букајо Сака“.
Why is Carvajal fighting Saka? Madrid is the worst club in all of football.
— MessiMania (@M10Update) April 16, 2025
Се претпоставува дека Карвахал, кој не играше на овој натпревар, му пришол на Сака по првото полувреме за да му приговори за она што се обиде да го направи. Наводно не му се допаднал шутот во стилот на Паненка, односно Карвахал заклучил дека Сака покажал непочитување кон Реал.
„Првин нешто му шепна на уво, а по одговорот на англискиот играч, го фати за рака и продолжи со приговорите. Сака не сакаше да се конфронтира и се обиде да тргне кон тунелот, но Карвахал повторно тргна во напад бидејќи не му се допадна неговиот одговор.
Уште едно фаќање за раката пред да настане хаосот, во кој беа вклучени неколку членови на стручниот штаб на Арсенал и редарите, кои се обидуваа да ги разделат играчите додека Карвахал го фати Сака за вратот“, пишува „Марка“ наведувајќи дека тој го предизвикал хаосот.
Арсенал победи во полуфиналето на Лигата на шампионите со вкупни 5:1 по победата во Лондон со 3:0, „топчиите“ во Мадрид славеа со 2:1.
Спорт
Лаутаро: Покажавме дека имаме големи м***ња“

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, по драматичното реми 2:2 со Баерн и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите изјави дека „нероаѕурите“ покажале дека имаат и срце и глава за вакви натпревари.
Баварците имаа три добри шанси по 90. минута до самиот крај, но не успеаја да изборат продолженија.
„Ова беше дефинитивно епски натпревар, кој ќе го паметиме долго, бидејќи Интер има огромен м***ња“, изјави Лаутаро, стрелецот на првиот гол за Интер. Овој гол беше него 150. во кариерата во дресот на Интер.
„Толку многу труд и вложивеме за да се пласираме во полуфиналето. Никогаш не се откажуваме, имаме и срце и глава“.
Ова е второ полуфинале за Интер во Лигата на шампионите во последните три сезони.
Спорт
(Видео) Нејмар требаше да слави, а теренот го напушти во солзи

Точно 34 минути траеше враќањето на Нејмар на теренот и неговиот прв натпревар во новата сезона од бразилскиот шампионат.
Толку издржа славниот Бразилец пред да биде заменет поради нова повреда. Тој во солзи го напушти теренот.
Натпреварот меѓу Сантос и Атлетико Минеиро требаше да биде славенички за Нејмар. Покрај тоа што беше негов прв оваа сезона за клубот и прв по повредата поради која беше надвор од терените повеќе од еден месец, тоа беше и неговиот јубилеен 100-ти настап на стадионот на Сантос. Поради тоа на грбот го носеше бројот 100.
Прославата беше расипана по нешто повеќе од половина час игра. Нејмар почна да покажува знаци на болка во левата надколеница веднаш по почетокот на натпреварот. Многу брзо стана јасно дека ја обновил повредата.
Неколку минути откако Сантос ја зголеми предноста со втор гол, Нејмар се сврте кон клупата и побара да биде заменет. Тој седна на теренот и побара помош да излезе од теренот. Соиграчите и ривалите го тешеа во солзи.
Нејмар за чии трансфер ПСЖ на Барселона и плати рекордни 222 милиони евра, од 2017 година имал 33 повреди, пропуштил 220 натпревари како играч на ПСЖ, Ал Хилал и сега Сантос.
Натпреварот заврши со победа на Сантос 2:0.