Спорт
Братучедот на Наби Кеита загина во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Братучедот на фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита загина во сообраќајна несреќа во Гвинеја, како една од деветте жртви по излетувањето на автобусот со кој се превезувале фудбалерите на второлигашот Етоил де Гвине.
Алмами Кеита загина во близина на градот Маму, на 250 километри од главниот град Конакри при патување за првиот меч од новата сезона. Дополнителни 19 луѓе се повредени, од кои 17 се во сериозна состојба.
„Шокиран сум, тажен и срцето ми е скршено по оваа ужасна вест. Праќам искрено сочувство до семејствата на жртвите и до целото спортско семејство на Гвинеја. Почивајте во мир, момци“, напиша 25-годишниот Кеита на Инстаграм.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Батлер и (не)очекуваниот херој Подзиемски го решија Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-1 во четвртфиналната серијата, во Западната конференција, против Хјустон Рокетс.
Вориорс славеа во драматаична завршница со 109:106. Алперен Шенгун, кој во НБА го носи прекарот „Бејби Јокиќ“, го промаши шутот за победа, пред себе го имаше Дрејмонд Грин, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.
Џими Батлер потоа ги погоди двете слободни фрлања и со тоа им донесе победа на „воините“. Батлер, кој поради повредата во вториот меч беше неизвесен и за овој натпревар ги предводеше Вориорс со 27 поени, шест асистенции и пет скока.
Инаку, икс фактор беше бекот на Вориорс Брандин Подзиемски кој постигна рекордни оваа сезона 26 поени. Стеф Кари постигна 17, а Бади Хилд 15 поени.
На спротивната страна, најдобар поединец на натпреварот беше Алперен Шенгун со 31 поен и 10 скока, но тоа не значеше многу по промашениот шут за победа.
Фред Ванфлит имаше 25, Амин Томпсон 17, додека Дилон Брукс го заврши натпреварот со 11 поени.
Серијата се враќа во Хјустон, каде што петтиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток од 01:30 часот.
Спорт
(Видео) Општа тепачка на натпреварот Голден Стејт – Хјустон

Четвртиот натпревар од плејоф серијата помеѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс беше тензичен со многу инциденти на теренот.
Вориорс поведоа со 3:1 во серијата, откако во трилер завршница победија со 109:106, а натпреварот беше обележан со многу „валкани потези“.
Во текот на втората четвртина, седум минути пред крајот, имаше „искри“ помеѓу Стеф Кари и Дилон Брукс.
Канаѓанецот го фаулираше Кари, а кога можеше едноставно да се сврти и да си замине, реши да му ја грабне топката од рацете и тогаш сè ескалираше.
Дрејмонд Грин, се стрча да го заштити Кари и сè резултираше со тепачка, туркање и вербални навреди.
На крајот, сите тројца добија по техничка грешка. Се случи уште една ситуација во која учествуваше Дрејмонд Грин.
Тари Исон му ја одзеде топката во еден напад, а Грин веднаш возврати со фаул, а неговата нога заврши во главата на противникот.
Draymond is so good at playing off these dirty plays pic.twitter.com/wshs1CeCxY
— MAL (@playoffMAL) April 29, 2025
Спорт
Дон Карло заминува, на „Бернабеу“ доаѓа Чаби Алонсо

Карло Анчелоти по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал, на неговото место ќе дојде поранешниот фудбалер на овој клуб Чаби Алонсо.
Соработникот на шпанскиот портал „Релево“, Матео Морето, презентираше информации за Чаби Алонсо и неговиот договор постигнат со Реал Мадрид.
Тренерот на Баер Леверкузен претходно беше споменуван како следен тренер на Реал Мадрид, а сега е потврдено дека е блиску до официјален договор со тимот чиј дрес го носеше под водство на Анчелоти.
„Алонсо ќе одржи состанок со раководството на Баер Леверкузен во наредните денови за да ги информира дека го напушта Леверкузен и се сели во Мадрид“, објави Морето.
Анчелоти ќе се посвети на бразилската фудбалска репрезентација, која ќе ја предводи на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Беше објавено дека тој нема да го предводи Реал на Светското клупско првенство, кое ќе се игра од 14 јуни до 13 јули во САД.
Затоа раководството на Реал сака што побрзо да го „заврши“ Алонсо, кој е во Леверкузен од октомври 2022 година.
Првата сезона ја заврши на шестото место, а следната сезона како шампион, поради што стана една од иконите на Баер Леверкузен.
Исто така, во 2024 година, тој ја комплетираше „двојната круна“, односно стигна до финалето на Лигата на Европа, кое го загуби од Аталанта (0:3).