Спорт
Браун со 50 поени спречи пораз на Бостон
Бостон Селтикс и Орландо Меџик, изминатата ноќ, го одиграа највозбудливиот натпревар во НБА лигата. Селтикс победија по продолжението со 116:111.
Бостон, волшебно се извлекоа против Орландо. Имаат минус од 14 поени на четири минути до крајот. Успеаја да изборат продолженија и потоа да слават во дополнителното време.
Блескаше Џејлен Браун, кој се запиша во историјата на славната франшиза. Браун натпреварот го заврши со 50 поени и 11 скокови. Претходно ова им успеало само уште на Лери Бирд (два пати), Кевин Мекхејл и Џејсон Тејтум.
Лејкерси, против Минесота, ја забележаа 19. победа, во 38.натпревар сезонава. Лејкерис славеа со 108:103. Леброн Џејмс ја прекина низата од седум натпревари, на кои постигнуваше најмалку 30 поени. Џејмс мечот го заврши со 26 поени, седум скока и пет асистенции.
Далас Маверикс победија во Оклахома 95:86. Во тимот на Далас по паузата поради повредата на стапалото, се врати Лука Дончиќ. Словенецот еден скок го делеше од трипл-дабл, дуелот го заврши со 14 поени, девет скока и 10 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos
Спорт
Почнува борбата за место полуфиналето на Европското првенство
Foto/ EPA
Завршена е првата фаза на 17-то Европското првенство во ракомет (15 јануари – 1 февруари). Половина од 24-те селекции си заминаа дома, додека останатите го продолжуваат престојот во Данска и Шведска, каде заедно со уште еден домаќин (Норвешка) се борат за пласман во полуфиналето.
Како 14-та, Македонија од далеку ќе ја гледа борбата за две места во новоформираните групи 1 и 2I, добиени со вкрстување на претходните групи (A/Б/Џ, односно Д/E/Ф).
Првото коло ќе го отворат натпреварите во Грушата 1.
Први на теренот во Хернинг, ќе излезат ракометарите на Германија и Португалија. Ќе започнат од иста стартна позиција, бидејќи пренесоа по два бода. По нив, следува дуелот на Шпанија и Норвешка. Двете селекции не пренесоа ниту еден бод во втората фаза.
Денот ќе го затвори дербито, помеѓу бранителот на титулата Франција (2) и вицешампионот Данска (0).
Утре ќе се одигра првото коло во Групата 2, , во Малме (Шведска), каде што се Шведска (2), Словенија (2), Исланд (2), Унгарија (0), Швајцарија (0) и Хрватска (0).
Во меѓувреме, беше одреден пласманот од 13-то до 24-то место: 13. Фарски Острови, 14. Македонија, 15. Холандија, 16. Австрија, 17. Чешка, 18. Италија, 19. Србија, 20. Грузија, 21. Полска, 22. Романија, 23. Црна Гора, 24. Украина.
The main round is set. 👌😍#ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/AWpDq06kMJ
— EHF EURO (@EHFEURO) January 21, 2026
Група 1 (Хернинг, Данска), Прво коло:
Германија – Португалија 15.30 часот
Шпанија – Норвешка 18.00
Франција – Данска 20.30
Спорт
Само Арсенал и Баерн веќе се во осминафиналето
Foto/EPA
Синоќа беше комплетирано претпоследното коло во Лигата на шампионите. Во пресрет на решавачката, осма рунда, само Арсенал и Баерн Минхен, обезбедија пласман во осминафиналето.
Покрај лидерите во Премиер и Бундес лигата, најмногу шанси за директен пласман меѓу најдобрите 16 екипи имаат Реал Мадрид и Ливерпул.
Во нокаут фазата, сигурно ќе играат: Тотенхем, Пари Сен Жермен, Њукасл, Челзи, Барселона, Спортинг, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Аталанта, Интер и Јувентус.
Оние кои нема да завршат меѓу првите осум на табелата и нема да обезбедат продолжен одмор до следниот натпревар, ќе играат плејоф за пласман во осминафиналето.
Табела:

Двојки за последното, 8.коло:


