Спорт
Браун со тројка во последната секунда за триумф на Звезда, Фенер убедлив дома (видео)
Фенербахче му дозволи на Химки само шест поени во третата четвртина за да стигне до 89:76 победа на домашен терен во 11. коло од Евролигата. На двата тима им недостасуваа клучните играчи – Нандо де Коло и Јан Весели за домаќините и Алексеј Швед за гостите.
Химки, предводени од 24-те поени во првото полувреме на Јанис Тима имаше 49:44 предност, но одбраната на Фенер во третата четвртина беше клучна за победата. Џиџи Датоме имаше 20 поени и 8-од-11 од поле, Мелих Махумтоглу додаде 19, колку што имаше и Костас Слукас за тимот на Жељко Обрадовиќ.
Драматично беше и во Белград, каде што Црвена звезда извлече 79:76 победа над Валенсија, откако Американецот Лоренцо Браун постигна тројка во последните секунди од мечот. Покрај тоа што го постигна победничкиот кош, Браун имаше и 19 поени и 6 асистенции за да биде предводник на „црвено-белите“.
ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО
Фенербахче – Химки 89:76 (28:24, 16:25, 21:6, 24:21)
Црвена звезда – Валенсија 76:73 (17:19, 20:22, 23:10, 16:22)
Алба Берлин – Жалгирис Каунас 69:62 (15:7, 17:19, 15:20, 22:16)
Панатинаикос – Басконија 100:68 (20:17, 26:19, 26:15, 28:17)
Макаби – АСВЕЛ Лион 93:62 (20:17, 23:17, 24:13, 26:15)
Former Raptor and NBA champion Lorenzo Brown at the buzzer for Red Star Belgrade pic.twitter.com/6Dx7w0kPdj
— Main Team (@MainTeamSports) November 28, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

