Спорт
Бразил без решение за Леон – Полска го доби дербито
Во дербито од второто коло од групата Б, Полска по голема борба и пресврт го совлада Бразил со 3:2 (22:25, 25:19, 19:25, 25:23, 15:12).
Со оваа победа одбојкарите на Полска обезбедија пласман во четвртфиналето, каде веќе се пласираа Италија, Франција, Словенија и САД.
Во последното коло Бразил ќе мора да го победи Египет за да продолжи понатаму како една од двете најдобри третопласирани селекции.
Полска и Бразил одиграа спектакуларен натпревар, кој го обележа натурализираниот полски репрезентативец Вилфредо Леон. Родениот Кубанец на најдобра можен начин го прослави 35. роденден.
Бразилските одбојкари подобро го започнаа натпреварот добивајќи го првиот сет со 25:22, Полјаците возвратија во вториот сет со 25:19.
Тоа не им пречеше на играчите во жолти дресови бидејќи третиот сет го решија во своја корист со 25:19, а потоа видовме голема борба во финишот на четвртиот сет, кој на крајот го доби Полска со 25: 23.
Полјаците потоа го добија и тај-брејкот, благодарение на страшните сервиси на Леон, кој мечот го заврши со 23 освоени поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ЕХФ доживотно суспендираше српски судии поради местење натпревари
Двајцата српски ракометни судии, Александар Панџиќ и Иван Мошорински, добија доживотна суспензија поради местење натпревари.
Имено, како што пренесува „HandNews“, портал специјализиран за ракомет, српските судии Панџиќ и Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ.
Причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари, тврди „HandNews“.
Двајца судии добија доживотна суспензија бидејќи биле вмешани во местење натпревари на Европското првенство во ракомет.
Истиот додава дека покрај доживотна суспензија, биле казнети и парично со по 2.000 евра.
Се додава дека судиите не се појавијле на рочиштето, но барањето на ЕХФ ило прифатено и тие и официјално се избришани од списоците на функционери на ЕХФ за натпреварите што се организираат.
Останува да видиме дали и ќе ги суспендира и Ракометниот сојуз на Србија.
🇪🇺 #EHF
👨⚖️ Le binôme d'arbitres 🇷🇸 impliqué dans l'affaire des matchs truqués radiés à vie par l'EHF 😯
👉 https://t.co/21PEkNDcY8 pic.twitter.com/BbSGAi1oQ3
— HandNews (@HandNewsfr) September 24, 2024
Спорт
Осимен доаѓа на местото на Влаховиќ во Јувентус?
Јувентус сериозно размислува за да го потпише Виктор Осимен наредното лето.
Нигериецот на почетокот на оваа сезона замина од Наполи во Галатасарај, а медиумите на Апенините веќе шпекулираат дека тој ќе се врати во Италија. Осимен во Галатасарај е позајмен играч, тој на крајот од сезоната ќе мора да се врати во Наполи.
Како главна причина се наведуваат лошата форма на Душан Влаховиќ. На последните три натпревари во Серија А, Јувентус не постигна ниту еден гол, а медимите вината ја врлија врз српскиот напаѓач.
Поради актуелната ситуација, челниците на Јувентус размислуваат да ангажираат напаѓач во јануари, доколку нешто не се промени.
Осимен играше две сезони во Наполи, а најзаслужен беше што Наполитанците по повеќе од три децении беа шампиони на Италија во сезоната 2022/23.
Спорт
Тренерот на Партизан си поднесе оставка
Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ поднесе оставка по дебаклот против Црвена Звезда во 174. дерби.
„Веднаш по поразот во вечното дерби против Црвена звезда (4:0), тренерот на Партизан Александар Станојевиќ поднесе оставка од таа функција“. пишува српски „Телеграф“.
Пред четири месеци Станојевиќ се врати на клупата на црно-белите кога го наследи Игор Дуљај.
Станојевиќ по дербито се најде на мета на навивачите, кои најпрво скандираа да си замине од клубот, а по мечот се здоби со повреда кога бесните навивачи ги сршија стакланата на соблекувалната.
Со Станојевиќ, Партизан нема победа на последните осум натпревари, што последен пат му се случило пред 44 години.