Спорт
Бразил сака Нејмар пак да игра на Олимпијада
Фудбалскиот сојуз на Бразил ќе бара дозвола од францускиот шампион, ПСЖ за Нејмар да биде во составот на „Кариоките“ што ќе настапи на Олимписките игри ова лето во Токио. Бразил во главниот јапонски град ќе ја брани титула освоена на Игрите во Рио.
Олимпијската фудбалска репрезентација е составена од играчи до 23 години, со тоа што има можност во секоја селекција да има по тројца фудбалери постари од оваа граница.
Нејмар беше еден од тројцата „сениори“ и на ОИ во Рио каде Бразел стигна до златото по изведувањето пенали против Германија.
ПСЖ нема обврска да го пушти Нејмар на ОИ во Токио затоа што тоа не е официјален турнир на ФИФА.
„Еуроспорт“ пренесе дека претседателот на ФС на Бразил веќе започнал разгвори на оваа тема со челниците на францускиот клуб.
Ако бразилскиот фудбалер добие дозвола за настап, тој ќе има напорно лето затоа што се очекува да настапи за својата земја и на Купот на Америка кој е на програмата од 12 јуни до 12 јули во Колумбија и Аргентина.
Олимпијадата, пак, почнува на 24 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Шумарите“ ја одредија цената за Елиот Андерсон
Газдата на фудбалскиот клуб Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, ја одреди цената за најдобриот играч, Елиот Андерсон.
Англискиот репрезентативец може да го напушти клубот, само соколку некој за неговите услуги е подготвен да плати 100.000.000 фунти, односно 113.000.000 евра.
Андерсотн е клучен за играта на Нотингем Форест, има најмногу допири, најмногу комплетирани додавања, најмногу додавања во последната третина, најмногу освоени топки, дуели и дриблинзи како централен играч од средниот ред.
Комплименти за неговата игра подели и селекторот на Англија, Томас Тухел.
„Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, затоа е со нас и затоа е стартер. Андерсон е клучен играч за нас“, рече Тухел пред натпреварот со Албанија во квалификациите за Светското првенство.
Елито Андерсон има 23 години, минатата година потпиша го продолжи договорот со Форест до 2029 година без откупна клаузула, што на клубот му овозможува да ја одреди цена, доколку тој изрази желба да замине.
Според шпекулациите, сериозен интерес за Андерсон покажува Манчестер јунајтед. Рубен Аморим е во потрага по фудбалер кој ќе го замени во стартниот состав ветеранот Касемиро.
Спорт
(Видео) Контроверзи и тензична атмосфера на трибините во Подгорица
Тензична атмосфера го одбележа натпреварот меѓу Црна Гора и Хрватска во Подгорица.
„Коцкестите“ славеа по големиот пресврт (3:2), а во регионалните медиуми, повеќе се зборува за навивачите отколку за играчите.
Гостинските навивачи, извикуваа „За дом спремни“ (усташки поздрав од периодот на Втората светска војна) и „Убиј го Србинот“, додека Црногорците ги придружуваа таквите извици со свирежи.
Тие не застанаа тука, па Црногорците потоа возвратија со „Усташи, четници, заедно бегавте“.
Имаше и транспаренти, па „Торцида“ постави еден со натпис „Се слушаат вресоци од Дубровник, пу..те к.р четници, нема прошка“.
Ова најверојатно е одговор на транспарентот на црногорските навивачи, кој го развиорија на „Максимир“ и со кој бараа прошка за опсадата на Дубровник во војната во поранешна Југославија.
Ustaše, četnici,
zajedno ste bježali. pic.twitter.com/gMbymRHExe— efikasnareakcijanadležnihinstitucija (@MilosPrelevic) November 17, 2025
Спорт
Барди: Ќе биде тешко, подготвени сме да одговориме на предизвикот
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20:45 часот) ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.
Со нерешен резултат или победа на гостувањето во Кардиф против Велс, нашиот национален тим ќе го обезбеди второто место во групата, што значи и поповолен ривал во плејофот за пласман на Мундијалот.
Капитенот Енис Барди е убеден дека Македонија има сили да се справи со притисокот и предизвикот што ги очекува, и покрај тоа што атмосферата во Кардиф ќе биде силно наклонета кон домаќините. Тој истакна дека поддршката на навивачите од Македонија ќе биде нивниот најголем мотив.
„Секогаш нагласувам дека треба да уживаме во секој момент, најпрво затоа што имаме чест да ја претставуваме нашата земја, а потоа и затоа што знаеме дека сите луѓе дома се со нас. На трибините можеби ќе имаме малку навивачи, но во душата знаеме дека цела Македонија ќе ни дава сила. Не очекува тежок дуел, но сме подготвени да дадеме вистински одговор“, изјави капитенот Барди.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија

