Спорт
Брегалница ги стартуваше подготовките за новата сезона (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница под водство на шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски денеска ги стартуваа подготовките за сезоната 2022/23 во Првата македонска фудбалска лига.
По почетната прозивка „сините“ на Градскиот стадион во Штип го одработија и првиот тренинг во летниот период. Изминативе два дена фудбалерите ги реализираа задолжителните лекарски прегледи, а денеска се стартуваше со подготовките.
Првите неколку денови од подготовките ќе се работи во Штип, а потоа до почетокот на новата сезона во елитното друштво Брегалница во два наврати ќе реализира и по десетдневни подготовки во Пехчево.
За време на летните подготовки, планирано е и одигрување и пет пријателски натпревари. Веќе се утврдени датумите за пријателските дуели кои ќе се играат на 3. јули, 10. јули, 17. јули, 24. јули и генералката пред стартот на Првата македонска фудбалска лига на 31. јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Евертон ги казни грешките на Трипие – Пораз на Њукасл на Гудисон парк

Евертон го декласира Њукасл со 3:0 во 15.коло, во Премиер лигата. Со овој триумф, Евертон и покрај минусот од 10 бода, излезе од опасната зона. Зад него на табелата се Лутон, Барнли и Шефилд јунајтед.
Мечот на Гудисон парк беше решен во последните 10 минути, кога Киран Трипие им овозможи на домашните да постигнат два гола.
Англискиот репрезентативец направи две катастрофални грешки во 79. и 86.минута, кои ги казнија Мекнил и Дукуре.
Точка на натпреварот со првиот гол во Премиер лигата, стави португалскиот напаѓач Бето во 96.минута.
Спорт
Загреб победи во Битола – Пелистер остана на нула во ЛШ

facebook.com/hceurofarmpelister
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се упте се без победа и без освоен бод во Лигата на шампионите. Во 10.коло, Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Загреб 22:23 (10:13). Македонскиот шампион заедно со Целје се двата тима кои се без победата.
Пелистер вечерва веројатно ја пропушти последната шанса да запише триумф во Лигата на шампионите, во тоа ги спречи голманот Мандиќ кој со 20 интервенции беше најдобар на теренот.
Загреб имаше предност во текот на целиот натпревар, Пелистер имаше шанса но не ја искорсити. Во 39.минута „зелените“ изедначија на 18:18, но не и да направат пресврт. Загреб врати со два брзи гола и до крајот не го испушти водството.
Најдобри во редовите на Пелистер голманот гебдан со 14 одбрани и Кузмановски со осум гола.
Спорт
Интер му нуди нов договор на Лаутаро Мартинез

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота изјави дека клубот му нуди продолжување на договорот на аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез.
Мартинез (26) во Интер пристигна во 2018 година од Расинг за околу 25 милиони евра. Тој има договор до 30 јуни 2026 година, а оваа сезона има постигнато 15 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.
„Се обидуваме да го продолжиме договорот со Мартинез на уште пет години. Преговараме со Лаутаро, а добро е што тој го има она големо чувство за припадност кон овој клуб, што во модерниот фудбал навистина не е за потценување“, изјави Марота.
Аргентинскиот напаѓач одигра 257 натпревари за Интер и постигна 117 голови. Со клубот освои пет трофеи.
Мартинез за аргентинската репрезентација настапи на 54 натпревари и постигна 21 гол.