Спорт
Бремер ќе остане во Торино, но ќе го носи дресот на Јувентус
Бразилскиот стопер Глеисон Бремер ќе стане нов играч на Јувентус, пренесуваат релевантните италијански медиуми. Еден од најдобрите дефанзивци во Серија А во изминатите две години ќе остане во градот Торино, но ќе стекне непријатели кај поддржувачите на неговиот поранешен клуб, со оглед дека ќе се пресели во локалниот ривал Јувентус.
Бремер имаше преговори со Интер и беше на чекор од потпис, но раководните луѓе на Јувентус ја засилиле понудата откако стана јасно дека Матијс де Лихт ќе направи трансфер во Баерн Минхен.
„Старата дама“ ќе заработи 80 милиони евра од трансферот на Де Лихт, а половина од нив ќе вложи во ангажманот на Бремер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Детвилер во сериозна состојба по страшната несреќа со Руеда
Швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во тешка состојба и го чекаат неколку операции по сериозната несреќа што ја доживеа во излезниот круг пред Големата награда на Малезија во категоријата Мото3.
Овогодинешниот шампион во категоријата Мото3, Хозе Антонио Руеда, кој го предизвика инцидентот во кој двајцата беа повредени, е буден и свесен.
Тимот на Детвилер, „CIP Green Power“, не објави многу детали за состојбата на младиот Швајцарец, освен дека мора да се подложи на операција.
„Ноа е во добри раце и ве молиме сите да ја почитувате неговата приватност. Во овој момент нема да даваме повеќе информации. Ноа е вистински борец и целиот тим е со него“, се вели во соопштението на францускиот тим.
Руеда се здоби со фрактура на раката и се здоби со бројни контузии во хорор несреќата, но добрата вест е дека прегледите во болницата покажале дека нема сериозни повреди на главата и телото.

Инцидентот на патеката „Сепанг“ се случи кога возачите тргнуваа кон стартниот редослед, кога Руеда со голема брзина се судри со Детвилер.
Младиот Швајцарец се движеше бавно на тркачката линија поради проблеми со својот мотор, во тој момент Руеда необјасниво се судри со него.
Двајцата завршија на асвалтот, дирекцијата на трката веднаш истакна црвено знаме. На самата патека на двајцата им беше укажана прва помош, по што беа префрлени во болница.
Поради сериозноста на инцидентот, „Топспорт“, нема да објави видео од моментот кога се случи инцидентот.
Спорт
(Видео) Кристијано не запира, 950 голови во кариерата
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо направи нов чекор кон бројката од 1.000 голови во кариерата.
Неговиот Ал Наср ја забележа шестата победа во исто толку натпревари во новата сезона на Про лигата. Во шестата рунда, Ал Наср го победи Ал Хазем (2:0).
Жоао Феликс ја најави победата на Ал Наср со својот деветти гол во само шест натпревари, додека Роналдо ја заврши работата во 88-та минута.
Тоа беше 950-от гол во кариерата на Кристијано и шести во лигата во сезона која се чини дека конечно ќе биде онаа што ќе ја освои титулата во Саудиска Арабија.
Во 2025 година, на 40-годишна возраст, Роналдо веќе постигна 34 гола и има три асистенции во 38 натпревари.
Неговиот Ал Наср е лидер со 18 бода, три повеќе од Ал Тавон.
Спорт
(Видео) Герасимовски: Во завршна фаза е реконструкцијата на „Работнички“, на 13 декември ќе го победиме МЗТ
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза и дека на 13 декември ќе се одигра натпреварот против МЗТ, кадешто „Работнички“ ќе издвојува голема победа.
„Ова е нашата сала „Работнички“, нашиот храм за победи. Во моментов е во завршна фаза нашата реконструкција според ФИБА стандарди, со подземно греење. Воедно сакам да ви најавам дека салата свечено ќе ја отвориме против МЗТ на 13 декември и најавувам голема победа на Работнички“, истакнува Герасимовски.
Додаде дека 80 отсто од реконструкцијата е завршена. Поставен e централен семафор, а целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето во салата. Се комплетираат трибините. Сите приоди се изведени, тоалетите се целосно опремени, се прават подготовки за поставување подно греење, а инсталациите и горниот простор наменет за федерациите се финализираат.

