Спорт
Брентфорд го „спушти“ Вест хем, уште има надеж за Норич

Брентфорд продолжува со одличните игри во Премиерлигата, победувајќи го Вест хем со 2:0 и така намалувајќи му ги шансите за топ 4 пласман, додека Норич им дадоа малку надеж на своите фанови дека е возможен чудесен опстанок во елитата по 2:0 побеата над Барнли.
Брајан Мбеумо во 48. минута од мечот постигна убав гол за Брентфорд, пред во 64. минута да му асистира на Ајван Тоуни за 2:0, предност која не го испуштија до крајот. Ова е четврта победа во последните пет меча за Брентфорд, додека Вест хем губат третпат во последните пет меча и остануваат на шест поени од четвртото место каде што е Тотенхем со меч помалку.
Норич, пак, победи првпат од јануари, триумфирајќи со 2:0 против Барнли, уште еден клуб кој се бори за опстанок во лигата.
ПРЕМИЕРЛИГА, 32.КОЛО
Брентфорд – Вест хем 2:0
Лестер – Кристал палас 2:1
Норич – Барнли 2:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах: Oстанувам во Ливерпул следната сезона, мотивиран сум за одмазда против Мадрид!

Мохамед Салах ги израдува навивачите на Ливерпул пред саботното финале од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, потврдувајќи дека нема шанси да си замине од „Енфилд“ ова лето.
29-годишниот Салах, кој ја споредли наградата како најдобар стрелец во Премиерлигата со Сон Хеунг-Мин од Тотенхем, има договор со Ливерпул до крајот на 2023, а околу неговата иднина има големи шпекулации откако уште го нема продолжено договорот со тимот на Јирген Клоп.
„Фокусиран сум на тимот и не сакам да зборувам за мојот договор. Но, останувам следната сезона, тоа е сигурно. Не сакам да се фокусирам на договорот, не сакам да бидам себичен. Кажав пред два месеци, дека сега е до клубот. Ова е многу важна недела за нас, така што сакам да се фокусирам на тоа и да ја освојам Лигата на шампионите повторно“, вели Салах.
Тој уште еднаш потврди дека е подготвен за „омазда“ против Реал Мадрид по поразот во финалето во 2018 во Киев, кога беше повреден по дуел со Серхио Рамос.
„Многу сум мотивиран, посебно по тоа што се случи во неделата во Премиерлигата, сите сакаме титула од Лигата на шампионите. Тоа што бев повреден по 30 минути против Мадрид минатиот пат беше најлошиот момент во мојата кариера“, објасува Египќанецот.
🗣️ "I am staying next season for sure, that's clear"
Mo Salah STAYS! 🔴pic.twitter.com/od1JJggFoU
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 25, 2022
Спорт
Мохамед Елнени го продолжи договорот со Арсенал

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Мохамед Елнени, стави потпис на нов договор со клубот до крајот на следната сезона, со опција за продолжување за уште една дополнителна година.
„Го сакам Арсенал и се чувствувам како дел од ова семејство. Сакам да продолжам во овој неверојатен клуб и возбуден за она што го носи иднината“, изјави Мохамед Елнени.
Арсенал наредната сезона ќе биде дел од Лига Европа откако во завршницата на шампионатот го загуби четвртото место на табелата кое носеше пласман во Лигата на шампионите.
Спорт
Мареј: Вимблдон никогаш нема да биде егзибициски турнир!

Енди Мареј застана во одбрана на својот домашен гренд слем, Вимблдон, тврдејќи дека гренд слемот на трева „никогаш нема да биде егзибиција“ откако АТП и ВТА решија да ги одземат рејтинг-поените на турнирот поради нивната забрана за настап на руските и белоруските тенисери.
Одлуката на АТП и ВТА да ги казнат Вимблдон предизвика реакции кај дел од тенисерите, како јапонската тенисерка Наоми Осака, кои посочија дека е речиси беспредметно да се оди на Вимблдон и дека турнирот ќе наликува на егзибиција.
35-годишниот Шкотланѓанец не се согласува и вели дека поважно е да се освојуваат трофеи отколку поени.
„Го следам голфот многу детално и немам поим колку поени добива победникот на Мастерсот. Го гледам и фудбалот и никој не е загрижен за тоа колку поени ќе добие победникот на Светското првенство. Но, можам да ви кажам кој победил на Мастерс или на СП. На многу луѓе на Вимблдон за неколку недели нема да им е грижа колку поени се добива за победа во третото коло, но ќе се сеќаваат кој е победникот. Вимблдон никогаш нема да е егзибиција и нема да има чувство како егзибиција. Крај“, напиша Мареј на Твитер.