Спорт
Брестовац го објави списокот за ЕХФ неделата
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, го објави списокот на повикани ракометари за прeстојната ЕХФ недела.
Меѓу повиканите ги нема Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Герогиевски и Борко Ристовски, кој не играше ниту во првите два квалификациски натпревари за пласман на ЕП.
Собирот е закажан за 03.јануари 2021, во хотел Александар Палас со почеток во 12:00 часот.

Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.
Фото/macedoniahandball.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле ќе го напушти ПСЖ?
Усман Дембеле наскоро би можел да го напушти Пари Сен Жермен, бидејќи сè уште не сака да потпише нов договор со актуелниот европски шампион.
ПСЖ одлучи да направи драстични промени во својот проект, пишува шпански „АС“. Европските шампиони радикално ја променија својата политика, не само во однос на трансферите, туку и коа се работи за новите договори.
ПСЖ клуб јасно ги искажа своите намери и испрати предупредување до играчите, додава шпанскиот весник. Тоа го видовме минатото лето со Џанлуиџи Донарума, кој не успеа да се договори за продолжување на договорот со ПСЖ.
Сега слична ситуација би можела да се повтори со Усман Дембеле, за кого, и покрај тоа што е освојувач на Златната топка и клучен играч во освојувањето на тројната круна, ова не е доволно.
Французинот го отфрли првиот предлог за обновување на договорот, кој истекува во 2028 година. Напаѓачот сè уште не го продолжил договорот, а како што истакнува „АС“, ова е вистински пример за новиот план што го поставија клупските челници.
„Европските шампиони усвоија јасна стратегија: секој што не сака да игра за ПСЖ нема да биде принуден да остане“, пишува „АС“.
Парижаните сакаат да ја избегнат ситуацијата што се случи пред четири години со Килијан Мбапе, кој на крајот замина бесплатно во 2024 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гвардиола: Толку сме совршени што не смееме да губиме натпревари
Менаџерот на Манчестер Сиит, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред натпреварот против Вулверхемптон, се осврна на неодамнешните резултати на својот тим.
Сити влезе во период на лоша форма, запиша серија од четири натпревари без победа во Премиер лигата, што ги остава седум бода зад лидерот Арсенал. Покрај тоа, поразот од Бодо/Глимт (3-1) во Лигата на шампионите им ги намали шансите за директен пласман во осминафиналето.
Соочен со прашања за кризата со резултатите, Гвардиола иронично коментираше за притисокот што се врши врз неговиот тим. „Не можеме да губиме натпревари, нели? Не можеме, а? Манчестер Сити е толку совршен што не можеме да губиме натпревари, знам. Така е, да. Да, во право сте; мора да ја промениме динамиката и да победуваме натпревари“, рече каталонскиот експерт.
Кога го прашаа дали играта на тимот зависи од формата на играчот од средниот ред Родриго, Гвардиола побара трпение. „Дајте му време; беше повреден 11 месеци, му треба време да се опорави. Знам зошто поминуваме низ тешки времиња. Знам што се случува со тимот. Знам. Затоа мора да се обидеме да му дадеме малку повеќе време и да му го дадеме нему“, рече тој.
Тој се осврна и на настапот во Лигата на шампионите: „Знам дека е катастрофа да имаме 13 бода во Лигата на шампионите, знам, но има осум тима со 13 бода и еден од нив е еден од најдобрите во светот. Но, за нив е во ред, за нас е катастрофа“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Маринковиќ ја скина Ахиловата тетива
Партизан со епски пресврт, успеа да го победи Хапоел, по едно продолжение со 104:101. Црно-белите, против лидерот во Евролигата надополнија минус од 27 поени и славеа осми пат во сезоната. Во победата Партизан остана без капитенот Вања Маринковиќ.
Партизан, како домаќин го пречека Хапоел во Минхен и ја забекежа една од највпечатливите победи во историјата на Евролигата.
Лоша вест за Партизан е то во псоледниот напад, во регуларниот дел, се повреди Маринковиќ. Капитенот со помош на соиграчите го напушти теренот.
„Прегледот и ултразвукот во Минхен покажаа дека станува збор за руптура која бара подолго време за рехабилитација. Вања ќе биде подложен на магнетна резонанца по пристигнувањето во Белград, по што ќе биде донесена одлука за тоа како ќе се лекува оваа повреда“, објави клубот.

