Спорт
Брестовац го скрати списокот, 20 играчи ќе патуваат во Словенија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија Данило Брестовац го објави списокот од 20 играчи кои по Нова година ќе заминат на подготовки во Словенија. Конечниот список на играчи кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство ќе биде познат по враќањето од Словенија.
Македонската репрезентација, се врати во Романија, каде иако во подмладен состав успеа да го освои „Трофеј Карпати“. Натпреварите со Алжир и Романија и претходните два со Кувајт му овозможија на Брестовац да ја добие реалната слика околу можностите на младите играчи во националниот тим.
Селекторот на прес-конференцијата проговори и за играчите кои веќе не се млади, кои треба да ја носат играта на националниот тим, Филип Кузмановски и Филип Талески. Тој е загрижен поради малата минутажа што двајцата ја имаат во своите екипи во Германија.
Она што тој треба да го направи е да им ја врати самодовербата, а тие треба да преземат поголема одговорност во играта на репрезентацијата.
Списокот на Брестовац за подготовките во Словенија:
Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марио Танкоски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски, Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Витсел како слободен играч се пресели во Џирона

Аксел Витсел (36) како слободен играч го напушти Атлетико Мадрид. Се очекуваше да потпише договор со Удинезе, но во последен момент ја смени одлуката. Белгиецот реши да остане во Шпанија.
Аксел Вотсел наредната сезона ќе го носи дресот на Џирона. Тој ќе потпише двегодишен договор со каталонскиот клуб. Изминатите три сезони ги помина во Атлетико Мадрид, за кој одигра 116 натпревари и постигна три гола.
Спорт
Спарс замената за Сон ја најдоа на „Етихад“

Тотенхем експресно најде замена за Сон. Клупската легенда по 10 години го напушти клубот и се пресели во Лос Анџелес. Замената за Сон треба да биде крилниот напаѓач на Манчестер сити, Савињо.
Бразилецот дојде во Сити минатата сезона. Во 48 натпревари постигна само еден гол, но запиша 13 асистенции.
Тотенхем ја испрати првата понуда. Таа изнесува 50 милиони евра, двојно повеќе од сумата што „граѓаните“ му ја платија на Троа минатото лето. Сити ја одби првата понуда со образложение дека сака повеќе.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, бидејќи Бразилецот сака трансфер, со оглед на тоа што не му е загарантирано место во првата поставата.
Спорт
Ѓоковиќ мора да сруши делови од вилата
Новак Ѓоковиќ и шпанските власти најдоа решение, за вилата на тенисерот во Марбеља.
Покрај казната што српскиот тенисер ќе мора да ја плати, тој ќе мора да отстрани одредени помошни објекти за кои немал градежна дозвола.
„Ла Опин де Малага“ пишува дека проблемот е всушност тремот, надворешниот туш и пренамената на подрумот во гаража.
„Во февруари 2025 година, општината го предупреди српскиот ас да ги отстрани неправилностите во рок од два месеци – што не се случи. Ова е трета казна откако купи вила во Марбеља во 2020 година, а вкупната сума сега изнесува 15.000 евра“, пишува „Нова“.
Ве потсетуваме дека Ѓоковиќови се заљубиле во вилата додека престојувале во Марбеља како закупци, плаќајќи околу 10.000 евра неделно. во 2024 година.