Спорт
Брестовац поднесе оставка во Металург по поразот од Еурофарм Работник
Македонскиот ракометен селектор, Данило Брестовац попладнево си поднесе оставка од тренерската функција во скопски Металург. Причина за ваквиот неочекуван потег на Брестовац е убедливиот пораз на Металург во салата во Автокоманда со 32-25 од битолскиот прволигаш Еурофарм Работник во второто коло од Суперлигата.
На потег е Управниот одбор на Металург кој треба да одлучи по оставката на тренерот.
Брестовац, кој од скоро е селектор на Македонија на функцијата во Металург го замени Александар Јовиќ, а договорот беше по завршувањео на сезонава да го напушти Металург за да може комплетно да им се посвети на репрезентативните обврски.
Оваа година Металург ја заврши СЕХА лигата на слабото 9. место. Во второто коло од Суперлигата победата на Еурофарм во Скопје им го подотвори патот кон СЕХА лигата наредната сезона како втор претставник од Македонија, покрај неприкосновениот Вардар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Верати е подготвен да се врати во Италија
Марко Верати би можел да се врати во Европа по нешто повеќе од една година. Италијанецот го напушти ПСЖ, но за разлика од многу ѕвезди наместо во Саудиска Арабија се пресели во Катар. Шпанскиот весник „Марка, тврди дека во зимскиот преоден рок, Верати ќе се врати во Италија.
Европскиот шампион со Италија во 2021 година, нема поминато ниту една минута на теренот повеќе од еден месец, бидејќи е во втор план кај тренерот Ал Араби, па сосема е извесно дека ќе ја напушти земјата која беше домаќин на последното Светско првенство.
Верари е подготвен да замине и покрај тоа што има годишна плата од 30 милиони евра нето годишно, што е сума која тешко ќе ја добие во Европа.
Договорот на Верати истекува на 30 јуни и тој сигурно би се согласил на нешто помала плата во Европа од онаа во Катар, бидејќи неговата цел е да се врати во националниот тим и да се бори за место во репрезентацијата за Светското првенство во 2026 година.
„Марка“, тврди дека актуелниот првак на Италија, Интер, сака да го донесе Верати во своите редови. Интересно, Верати никогаш не играл во Серија А, во 2012 година во ПСЖ пристигна од второлигашот Пескара.
Спорт
Норис: Ферстапен треба да се занимава со комедија
Ландо Норис, возач на Мекларен во Формула 1 шампионатот, одговори на провокациите упатени од страна на старо-новиот шампион, Макс Ферстапен. Холанѓанецот, во неделата, го освои петтото место на трката во Лас Вегас, на која победи Џорџ Расел од Мерцедес, со што и теоретски ја обезбеди четвртата последовна титула.
Ферстапен, пред неколку дена во разговорс за „Де Телеграф“, рече дека во болидот на Мекларен многу порано би ја обезбедил титулата.
Ландо Норис не можеше и не сакаше да го премолчи ова, порача дека Ферстапен „треба да се занимава со комендија“.
„Треба да прави комедија. Може да каже што сака. Секако дека не го делам неговото мислење, тој е добар возач, но не е искрен. Знам колку е способен возач, сигурен сум дека јас ќе ја освоев титулата доколку тој не возеше болид на Ред Бул. Не верувам во неговите коментари, но ми се допаѓа неговата самодоверба“, рече Норис.
И покрај тоа што Ферстапен ја освои титулата, борба меѓу него и Норис ќе има и во последните две трки. Двата тима заедно со Ферари се борат за титулата кај конструкторите.
Мекларен на врвот има 24 поени пред Ферари и 53 поени пред третопласираниот Ред Бул.
Спорт
Ѓокереш наредното лето се сели на „Олд Трафорд“
Напаѓачот на Спортинг од Лисабон, Виктор Ѓокереш (26), игра неверојатно во последните две сезони. Формата во која се наоѓа ги привлече најголемите европски клубови. Јасно е дека Ѓокереш ќе напушти Спортинг, како што сега стојат работите тоа ќе се случи наредното лето.
Ѓокереш за тимот од Лисабон има нестварен учонок, 67 гола на само 70 натпревари. За националниот тим веќе има постигнато 15 гола на 26 натпревари.
Наводно интерес за шведскиот репрезентативец покажале Арсенал, Челзи, ПСЖ, Барселона, но тој наводно го избрал Манчестер јунајтед, каде од пред три недели работи неговиот тренер од Спортинг Рубен Аморим.
Постои можност Швеѓанецот да го напушти Спортинг во јануари, но реално е трансферот да се реализира дури на лето. Напаѓачот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но наводно во Спортинг ги прифатиле и понуда од 70 милиони евра.