Спорт
Брилијантно прво полувреме на Томпсон – Вориорс го победи Феникс
Клеј Томпсон е тема на денот во НБА лигата. Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, ги предводеше Голден стејт Вориорс до победата над Феникс Санс со 123:112.
Томпсон влезе во историјата на лигата. Тој 33 од своите 38 поени постигна во првото полувреме.
Во првото полувреме, за само 18 одиграни минути, Томпсон постигна 33 поени, шутирајќи 12/18 од поле, од кои 8/12 за тројки.
Тоа беше петти натпревар во неговата кариера на кој стигна до 30 поени во едно полувреме и десетти оваа сезона во кој постигна 30 или повеќе. Исто така по трет пат во кариерата во првите две четвртини успеа да постигне 30 поени и осум тројки. Со тоа се израмни со Демијан Лилард, кој беше единствениот играч во последните 25 години на кој тоа му успеа во НБА.
Тој успеа да постигне осум тројки до полувремето по петти пат во кариерата. Ниту еден играч не успеал да го стори тоа барем од сезоната 1996/1997 година, истакнуваат статистичарите. Во натпреварите во кои постигнува најмалку 35 поени, неговите Голден стејт Вориорс имаат биланс од 32 победи и три порази.
Томпсон со својата партија го засени Јанис Адетокумбо, чии Милвоки Бакс славеа во дербито против Сакраменто Кингс со 133:124. Јанис мечот го заврши со 46 поени и 12 скокови. Одличен меч за Бакс одиграа и Крис Мидлтон со 31, односно Брук Лопес со 23 поени.
Кај Сакраменто Кингс најдобар стрелец беше Диарон Фокс, кој постигна 35 поени. Домантас Сабонис одигра одличен натпревар и забележа трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции.
Преку 40 поени, изминатата ноќ, постигна и Џејлен Браун, но неговите Бостон Селтикс не успеаја да победат во дуелот со Хјусотм (109:111). Браун натпреварот го заврши со 43 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Нула во италијанското дерби
Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа без голови во дербито од 34. коло од Серија А. Нерешениот резултат му оди во прилог на Милан, црвено-црните имаат пет бода повеќе од Јувентус и извесно е дека ќе ја задржат втората позиција до крајот на сезоната.
Првиот дел донес ерамноправна ира на двете страни, без серизно шанси, исклучок е обидот на Влаховиќ, кој се закани од слободен удар, но Спритиело одбрани.
Во вториот дел Јувентус беа подобри на теренот. Спортиело го одбрани ударот на Костиќ, а потоа и обидот на Милик. Меѓу двете шанси на Јувентус, госѕите се заканија преку Лофтус Чик по одличен удар од далечина.
Најдобрата шанса на мечот Јувентус ја имаше во 86.минута, кога единствениот кикс го имаше голманот на Милан, но удаорт на Рабио од гол-линијата го одбрани Тиао.
Спорт
Билд: Рангник има договор со Баерн
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри дека клубот наредната недела ќе го соопшти името на новиот тренер, но највлијателниот германски медиуми „Билд“, тврди дека веќе е познато кој ќе го замени Томас Тухел.
Најторфејниот германски клуб од наредната сезона ќе го предводи Ралф Рагник. Како што пренесува „Билд“, во саботата е одржан уште еден состанок по кој двете страни си заминале насмеани, а извор близок до клубот од Минхен тврди дека Ралф Рангник веднаш по завршувањето на Европското првенство, каде ќе ја води Австрија, ќе го преземе Баерн.
Баерн ќе мора да плати отштета, бидејќи тренерот има уште две години договор со ФС Австрија. Според „Билд“, челниците на Баерн ќе треба да одвојат три милиони, додека платата на австрискиот стручњак во Баерн ќе биде околу седум милиони евра годишно.
Рагник с Баерн ќе потпише двегодишен договор.
Спорт
(Видео) Гринвуд ја испрати Алмерија во Сегунда
Хетафе, во 33.коло забележа победа во Алмерија 3.1 Со овој пораз фудбалерите на Алмерија и официјално испаднаа од шпанската Примера.
Гостите поведоа во 27. минута со голот на Мејсон Гринвуд, а израмни Чоко Лозано на четири минути пред крајот на првото полувреме.
Најдобриот играч на натпреварот, Гринвуд му ја врати предноста на Хетафе со гол по само три минути игра во вториот дел.
Откако постигна два гола, Англичанецот во 61. минута му асистираше на Хаиме Мата за третиот гол на Хетафе.
Во последните моменти од играта нервозниот Виеира доби црвен картон и во самиот финиш ја остави Алмерија со играч помалку.
За Хетафе ова беше втората победа сезонава на гостински терен. Тимот на Хосе Бордалас се наоѓа на деветтата позиција со 43 бода.