Спорт
Британците ги откажаа нарачките за респираторите кои ги правеа Ф1 тимовите

Британската влада ги откажа нарачките за илјадници респиратори кои ги изработуваше конзорциум на компании вклучувајќи ги Формула 1 тимовите на Ред бул и Рено, утврдувајќи дека уредите не се прикладни за лечење на коронавирусот.
Ред бул и Рено соработуваа со докторот Аластер Дарвуд, чија компанија ги измисли евтините и подвижни респиратори. Сите седум Ф1 тимови со база во Велика Британија дадоа придонес во развојот, додека Ред бул и Рено беа директно вклучени во изработката. Владата ги откажа нарачките бидејќи лекарите утврдиле дека тие не се прикладни за третман на Ковид-19 поради честата промена на сетингот на работа.
Британската влада има достапни 10.000 респиратори, а потребни им се најмалку 18.000 поради големиот раст на бројот на заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Жестока тепачка на натпреварот Комо – Бетис

Бетис и Комо вчера одиграа контролен натпревар во Кадиз, а според сцените од тепачката што се случи на теренот и споделени на социјалните мрежи, натпреварот беше се, само не беше пријателски. Голем број играчи од двата тима учествуваа во големата тепачка.
По завршувањето на првото полувреме, во кое Комо водеше со 2:0 благодарение на головите на Асане Диао и Лукас де Куња, се случи тепачка откако Пабло Форналс и Масимо Пероне разменија удари.
Во моментите на тепачката, видеото покажаува дека напаѓачот на Бетис, Кучо Ернандез, влета во толпата со намера да удри еден од играчите на италијанскиот тим, но наместо тоа успеа да го удри соиграчот Натан.
Форналс, и покрај тоа што прв удри, избегна исклучување, додека Пероне доби црвен картон на стадионот „Естадио Мунисипал де Ла Линеа де ла Консепсион“. Сепак, Бетис остана со еден играч помалку бидејќи Хектор Белерин беше исклучен.
Натпреварот заврши со победа на Комо (3:2).
Real Betis v Como in a friendly tonight 🤛 pic.twitter.com/PxH2jhZSPu
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) August 6, 2025
Спорт
„Телеграф“: Перишиќ преговара со Нови Пазар

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ наводно преговара со Нови Пазар во врска со трансфер во српскиот клуб.
Како што неофицијално дознава „Телеграф“, менаџерот на фудбалерот е во напредна фаза од преговорите со Нови Пазар, каде што треба да го замени Адем Љајиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во Сараево.
Истиот извор наведува дека Перишиќ веќе бил во Србија и дека станува збор за бизнис што вклучува повеќемилионски суми. Се додава дека работата би можела да биде завршена во наредните денови.
Перишиќ моментално е играч на ПСВ, со кого има договор до 2027 година, а зад себе има одлична сезона во Ередивизие. Претходно во текот на летото, дури беше поврзуван и со Барселона.
Дополнително, веста за неговиот трансфер во Нови Пазар звучи како фикција, но ако се случи, веројатно ќе претставува најголем трансфер во историјата на српскиот клупски фудбал. Барем кога станува збор за 21 век.
Во својата кариера, Перишиќ играл за Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер, Баерн, Тотенхем, Хајдук и ПСВ.
Момчето од Сплит одигра 144 натпревари за Хрватска и постигна 36 гола.
Спорт
Димитриевски би можел да се пресели во Елче

Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија. Целта на македнскиот репрезентативец е да остане во Шпанија.
Димитриевски, минатото лето како слободен играч пристигна во Валенсија од Рајо Ваљекано. Претходно клубот го продаде Георги Мамардашвили во Ливерпул, но клубот од Англија репи да го остави голманот на позајмица.
Кога клубовите се договорија јасно беше дека Димитриевски ќе биде резерва. Бранеше само на натпреварите во Купот и на неколу натпревари во првенството кога Грузиецот беше повреден.
Статусот на Димитриевски не се подобри ниту по завршувањето на сезоната, Мамардашвили замина, но Валенсија реши на позајмица од Атлетик Билбао да го донесе младиот голман Хулен Агирезабала.
Поради ваквата одлука на клубот македонскиот репрезентативец сака да ја напушти „Местаља“.
Шпанските медиуми пишуваат дека постои шанса Димитриевски новата сезона да ја мине на позајмица во Елче. Клубот по пауза од една година се врати меѓу шпанската елита и бара искусен голман за предизвиците во Примера.
Foto/ EPA/Rodrigo Jimenez