Спорт
Британците им ги замрзнаа имотите на руските олигарси – Абрамович не може да го продаде Челси

Роман Абрамович е еден од седуммината руски олигарси, на кои британската влада им определи санкции, поради воената инвазија на Русија врз Украина.
Владата замрзна се што поседува Абрамовиќ во Велика Британија. Ова значи дека тој нема да може да го продаде фудбалскиот клуб Челси и покрај тоа што „сините“ добија дозвола да тргуваат како спортски клуб.
Според оваа одлука, Челси повеќе нема да може да продава билети за своите натпревари, односно на „Стенфорд Бриџ“, присуство ќе им биде дозволено само на оние кои имаат сезонски билети.
„Со оглед на значителното влијание на денешните санкции врз ФК Челзи и потенцијалните ефекти од сето ова, владата утринава издаде дозвола со која се регулира бројот на фудбалски активности што Челзи може да ги продолжи. Тука е вклучена дозволата клубот да продолжи да игра натпревари што во суштина ќе ја заштити Премиер лигата, фудбалската пирамида, пошироката фудбалска пирамида, лојалните навивачи и другите клубови. Оваа лиценца дозволува само дејствија, со цел да не им се дозволи на лицата кои се погодени од санкциите да најдат начин да ги заобиколат. Лиценцата ќе продолжи да биде редовно и внимателно разгледувана и ние ќе продолжиме да работиме со фудбалските власти“, се вели во соопштението на владата на Велика Британија“, стои во соопштението на британската влада.
🚨 Summary of sanctions on Chelsea due to Abramovich sanctions:
❌ No more ticket sales
❌ No more merchandise sales
❌ No new contract extensions
❌ No new transfers in or out✅ Salaries will be paid
✅ Season tickets still valid as already sold(Source: @martynziegler)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Гризман е еден од најдобрите во светот“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серзо, ги коментираше гласините за заминување на Антоан Гризман.
Претходните денови се појавија информации дека Гризман може да го напушти Мадрид и повторно да го облече дресот на Барселона, од каде што дојде на позајмица, но првиот човек на Атлетико Мадрид стави крај на тие приказни.
Освен што ги отстрани сомнежите за останувањето на Гризман во Мадрид, Серезо додаде дека го смета Гризман за играч кој е во самиот врв на светскиот фудбал.
„Според мене, Антоан е еден од тројцата или четворицата најдобри играчи во светот. Гризман е наш играч, има договор со Атлетико Мадрид и ќе остане тука во Атлетико Мадрид“, изјави Серезо.
Гризман дојде во Атлетико на едногодишна позајмица на крајот на летото 2021 година.
Постои и опција таа позајмица да се продолжи на уште една година, што најверојатно ќе се случи, судејќи по оваа изјава на првиот човек на „јорганџиите“.
Доколку Гризман остане во Мадрид, на крајот на следната сезона ќе се активира клаузула според која Гризман трајно ќе стане играч на Атлетико Мадрид, во замена за 40.000.000 евра.
Гризман оваа сезона одигра 35 натпревари за Атлетико и постигна осум гола.
Спорт
Перез им соопштил на играчите дека Мбапе нема да дојде во Реал

Фудбалскиот свет со нетрпение очекува Килијан Мбапе да ја соопшти одлуката, каде ќе ја продолжи кариерата. Францускиот ас, по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч. ПСЖ и Реал Мадрид се тркаат за неговиот потпис.
До пред некој ден се чинеше дека Мбапе ќе се пресели во Мадрид, но според новинарот Гиљемо Балага, на „Сантијаго Брнабеу“ не се сигурни дека ова ќе се случи.
Балага тврди дека претседателот на Реал, Флорентино Перез, токму тоа им го кажал на играчите на „кралскиот клуб“ во соблекувалната по синоќешниот натпревар против Бетис.
„Само што ми кажаа дека Флорентино Перез вечерва во соблекувалната им рекол на играчите дека Мбапе НЕМА да дојде. Да почекаме и да слушнеме што ќе каже Мбапе пред да потврдиме нешто“, напиша Балага на „Твитер“.
Последната информација која ја откри мајката на Мбапе е дека двете понуди на Реал и на ПСЖ се сосема исти. И дека самиот Килијан ќе треба да ја реши дилемата каде ќе ја продолжи кариерата по 30 јуни: дали ќе го исполни детскиот сон и ќе потпише за Реал или ќе остане во својата татковина, да се обиде на „светците“ да им го донесе првиот трофеј во Лигата на шампионите во историја.
Никој не ја спомнува понудата на Ливерпул, кој наводно се вклучил во трката. Очигледно, колку и да се моќни, „црвените“ не можат финансиски да му парираат на богатиот ПСЖ, ниту пак на Реал.
Сепак, конечното решение на оваа сапуница, која предолго трае, треба да се слушне во недела, кога Мбапе најави на светот ќе му ја соопшти својата одлука.
Спорт
Анчелоти: Заврши кариерата на Иско во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека Иско ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Иско вчера се прости од „Сантијаго Бернабеу“, во последното коло од Примера против Бетис (0:0), шанса доби во последните 20 минути.
„Кариерата на Иско овде штотуку заврши. Тој беше важен дел од овој тим во последните неколку години, одигра одлични натпревари, но можеше да направи поголема кариера во Реал. Му посакувам се најдобро”, изјави Анчелоти
Иско, оваа сезона во Примера одигра само 304 минути.
Иско во Реал пристигна пред девет години од Малага за 30.000.000 евра. За мадридскиот клуб одигра 352 натпревари и постигна 53 гола со 56 асистенции. Во Реал стана и шпански репрезентативец (38 настапи, 12 голови).
30-годишниот играч за врска би можел да ја продолжи кариерата во Бетис.