Спорт
Бруксби го исфрли Циципас од Индијан Велс

По Данил Медведев и Александар Зверев, мастерсот во Индијан Велс во раната фаза го заврши и петтиот светски рекет – Стефанос Циципас. Гркот по три сета и повеќе од два часа игра, испадна од 43. играч во светот, Џенсон Бруксби.
Циципас експресно го доби првиот сет, на противникот му препушти само еден гем, но неговата игра се распадна од почетокот на вториот сет, Бруксби наредните два сета ги доби со 6/3, 6/2. Бруксби ја забележа првата победа во кариерата над топ-5 играч.
На крајот тој освои 85 поени, пет повеќе од Циципас, имаше 21 директен поен и 30 неизнудени грешки.
Американецот во наредната рунда ќе игра против Британецот Камерон Нори. 12. играч во светот го победи Николоз Басилашвили со 3/6, 6/3, 6/1.
Третото коло го мина 10. носител Јаник Синер. Италијанецот во наредната рунда за противник ќе го има Ник Кирјос.
17. во светот, Рајли Опелка, успеа да слави победа во дуелот со Денис Шаповалов. Опелка во наредното коло ќе игра против Рафаел Надал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната смрт на таткото на Стив Кер мотив за страствениот говор против оружјето

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, поттикнат од личната трагедија, имаше страствен говор за посилни мерки да се ограничи насилството со оружје во САД откако 19 деца и 2 учители беа убиени во основното училиште „Роб““ во Увалде, Тексас во вторникот.
Кер, кој е роден во Бејрут, Либан, има лична причина за ваквата емотивна реакција, откако неговиот татко, Малколм Кер беше убиен од страна на шиитската терористичка организација Исламски Џихад во 1984 година, додека бил претседател на Американскиот универзитет во градот.
На прес-конференцијата по четвртиот меч о финалето на Западот против Далас маверикс, Кер одби да зборува за кошарката.
„Во последните 10 дена имавме стари црни луѓе убиени во супермаркет во Бафало, азиски верници убиени во јужна Калифорнија, а сега деца убиени во училиште. Кога ќе направиме нешто? Уморен сум! Уморен сум од стоење тука и нудење сочувство на семејствата. Уморен сум о минутите молк. Доволно! Има 50 сенатори кои одбиваат да гласаат за проверката при купување на оружје за закон кој Конгресот го донесе пред неколку години. Стои таму две години. Има само една причина за тоа, за да ја заддржат моќта. Сакам секоја личност тука да помисли на своето дете или внук, мајка или татко, сестра брат. Како ќе се чувствувавте да ви се случеше вам ова?“, изјави Кер.
Steve Kerr on today's tragic shooting in Uvalde, Texas. pic.twitter.com/lsJ8RzPcmC
— Golden State Warriors (@warriors) May 24, 2022
Спорт
Златан на операција, му следува пауза од осум месеци!

Златан Ибрахимовиќ бил на артоскопска операција на коленото и го очекува пауза од седум-осум месеци, потврдија италијанските шампиони Милан, уште повеќе зголемувајќи ги шпекулациите дека 40-годишниот ветеран ќе се повлече од фудбалот.
Швеѓанецот, кој минатиот викенд помогна Милан по 11 години „суша“ да го освои трофејот од Серија А, има договор со „росонерите“ до 1 јули.
„Златан Ибрахимовиќ беше на операција на левото колено кај докторот Бертран Сонери-Коте во болницата ‘Жан Мермо’ во Лион. Операцијата беше планирана подолго време за дефинитивно да се реши нестабилноста на зглобот преку реконструкција на лигаментите. Операцијата беше целосно успешна и прогнозата е за 7-8 месеци“, велат од Милан.
И покрај ова, дел од италијанските медиуми се сигурни дека Ибрахимовиќ ќе продолжи со Милан со намалување на платата од 7 на 2.5 милиони евра, а за тоа се поготвени двете страни. Според „Кориере дело сера“, во Милан ветуваат дека влијанието на Швеѓанецот на младиот тим е поважно од неговата минутажа.
Спорт
Салах: Oстанувам во Ливерпул следната сезона, мотивиран сум за одмазда против Мадрид!

Мохамед Салах ги израдува навивачите на Ливерпул пред саботното финале од Лигата на шампиони против Реал Мадрид, потврдувајќи дека нема шанси да си замине од „Енфилд“ ова лето.
29-годишниот Салах, кој ја споредли наградата како најдобар стрелец во Премиерлигата со Сон Хеунг-Мин од Тотенхем, има договор со Ливерпул до крајот на 2023, а околу неговата иднина има големи шпекулации откако уште го нема продолжено договорот со тимот на Јирген Клоп.
„Фокусиран сум на тимот и не сакам да зборувам за мојот договор. Но, останувам следната сезона, тоа е сигурно. Не сакам да се фокусирам на договорот, не сакам да бидам себичен. Кажав пред два месеци, дека сега е до клубот. Ова е многу важна недела за нас, така што сакам да се фокусирам на тоа и да ја освојам Лигата на шампионите повторно“, вели Салах.
Тој уште еднаш потврди дека е подготвен за „омазда“ против Реал Мадрид по поразот во финалето во 2018 во Киев, кога беше повреден по дуел со Серхио Рамос.
„Многу сум мотивиран, посебно по тоа што се случи во неделата во Премиерлигата, сите сакаме титула од Лигата на шампионите. Тоа што бев повреден по 30 минути против Мадрид минатиот пат беше најлошиот момент во мојата кариера“, објасува Египќанецот.
🗣️ "I am staying next season for sure, that's clear"
Mo Salah STAYS! 🔴pic.twitter.com/od1JJggFoU
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 25, 2022