Спорт
Бруно и Португалците и без Роналдо без мака против Нигерија

Португалија, предводена од Бруно Фернандеш, стигна до убедлива 4:0 победа над Нигерија во последниот подготвителен меч пред стартот на Светското првенство, во меч кој Кристијано Роналдо, кој е на насловните страници во Англија по контроверзното интервју со Пирс Морган, го прескокна поради стомачен вирус.
Фернандеш го отвори резултатот уште во деветтата минута на „Жоао Алвaладе“ во Лисабон, претходно негов домашен стадион со Спортинг Лисабон, по фантастичната асистенција на соиграчот од Јунајтед, Диого Далот. Во 35. минута водството беше удвоено, откако Фернандеш стрелаше од белата точка.
Победата на Португалците беше потврдена во финишот на мечот – Гонсало Рамос во 82. минута и Жоао Марио во 84. минута стрелаа за високи 4:0.
Португалците се во групата Х на СП со Гана, Уругвај и Јужна Кореја, а го отвараат првенството со меч против Гана на 24 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чурлинов со Јагиелонија го мина Серкл Бриж, Николов со Борац испадна од Конференциската лига

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.
Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3:0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2:0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58.минута.
Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1:0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96.минута.
Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74.минута.
Спорт
(Видео) Ветеранот Хумелс ја „продаде“ Рома, Лацио преживеа против Викторија, Ајнтрахт го растури Ајакс

Атлетик Билбао, Ајнтрахт, Лацио и Бодо/Глимт изборија пласман во четвртфиналето во Лига Европа.
На „Сан Мамеш“ стадион кој е домаќин на финалниот меч, Атлетик ја совлада Рома со 3:1. Клучниот момент се случи во 11.минута, кога ветеранот Матс Хумелс најпрвин лесно продаде една топка, а птоа направи прекршок за црвен картон.
Со десетмина на теренот Рома немаше никави шанси.
Инаки Вилијамс погоди во третата минута од надополнувањето во првиот дел и го израмни резултатот во дуелот. Во 68.минута Берчиче зголеми на 2:0, а точка на мечот стави помладиот брат Вилијамс, Нико.
Рома почесниот гол го постигна преку Паредес од пенал, на истекот на натпреварот.
За разлика од градскиот ривал Рома, Лацио успеа да се пласира во четвртфиналето, но публиката на „“Олимпико долго време беше во страв бидејќи гостите водеа со голот на Павел Шулц до 77. минута. Потоа Алесио Ромањоли израмни за конечни 1:1.
Лацио оди понатаму благодарение на победата од 2:1 во првиот натпревар во Плзен, остварена во 90+8. минута.
Клубот од италијанската престолнина во четвртфиналето ќе игра против Боде/Глимт кој успеа да го елиминира Олимпијакос. Грците славеа со 2:1, но првиот дуел го загубија со 3:0.
Понатаму оди и Ајнтрахт со две победи над Ајакс. Пред една недела во Амстердам беше 2:1, а вечерва во реваншот во Франкфурт 4:1.
Спорт
Кимих во Баерн до јуни 2029 година

Џошуа Кимих потпиша нов договор со Баерн Минхен, што значи дека ќе остане во Баварија уште најмалку четири години.
Разоворите за продолжување на соработката меѓу актуелниот германски вицешампион и репрезентативецот се водеше жестока дебата со месеци, а во минатото и двете страни даваа алтернативни изјави за нејзиниот исход.
Фудбалерот, кој е член на Баерн од 2015 година, на новинарите по триумфот во Леверкузен (2-0, вкупни 5-0) и пласманот меѓу осумте најдобри тимови во Европа, изјави дека сагата дефинитивно има среќен крај.
„Новиот договор дефинитивно ќе дојде во следните неколку дена. Невозможно е да се фокусираме на тоа во последно време поради големиот број на натпревари“, изјави капитенот на Баерн.
Кимих во четвртокот го продолжи договорот до јуни 2029 година, што клубот предводен од Винсент Компани го потврди на социјалните мрежи.
Овој 30-годишен играч од Баден-Виртемберг одигра 429 натпревари за Баерн, постигна 43 гола и забележа 114 асистенции.