Спорт
Бубка: Украина ќе победи!
Сергеј Бубка, поранешниот светски рекоредер во скок со стап и првиот човек кој прескокна 6 метри, преку социјалните мрежи порача дека Украина ќе се одбрани и ќе победи, најавувајќи дека има соработка со претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах за хуманитарна помош за земјата.
„Ја сакам мојата Украина со целото срце. Под нејзиното знаме ги остварив најголемите работи. Ние ќе победиме“, напиша 58-годишниот Бубка.
Бубка, кој е роден во Луганск, источна Украина, во Доњецк до војната во 2014 оддржуваше годишно натпреварување во скок во височина, е претседател на Украинскиот олимписки комитет.
Мої дорогі українці, вся олімпійська сім‘я та небайдужі до нашого болю.
Як і кожен українець, я зараз не сплю. Я захищаю нашу країну усіма доступними мені способами, використовуючи всі свої міжнародні зв’язки. pic.twitter.com/JGjVdaVbEj— Sergey Bubka (@sergey_bubka) March 4, 2022
Я всім сердцем люблю свою Україну. Під її прапором я отримав найвищі нагороди. Зараз саме цей прапор, з яким я подорожував на змаганнях, висить у штабі гуманітарної допомоги, яким безпосередньо займаеться моя сім‘я. Ми переможемо! pic.twitter.com/XPSP8tuUfP
— Sergey Bubka (@sergey_bubka) March 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Павловиќ во Баерн до 2029 година
Германскиот репрезентативец и играч на Баерн, Александар Павловиќ го продолжи договорот со баварскиот великан до летото 2029 година.
Павловиќ, кој непосредно пред ЕП ја одби понудата да игра за Србија, земја од која потекнуваат неговите родители, поради проблем со крајниците, два дена пред почетокот на ЕУРО 2024 го напушти кампот на репрезентацијата.
„За жал поради воспаление на крајниците нема да играм на Европското првенство, но воодушевен сум што мојот договор со Баерн е продолжен до 2029 година. Тоа покажува дека клубот има верба во мене. Баерн е мојот дом. Горд сум, среќен и благодарен, сакам да освојувам трофеи со тимот и да продолжам со мојот личен развој“, изјави Павловиќ за клупската веб-страница.
За тимот од Минхен одигра 22 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Инцидент во Хамбург: Со секира нападнал полицајци
Голем инцидент се случи во Хамбург, во пресрет на натпреварот меѓу Холандија и Полска.
Во центарот на Хамбург, полицијата застрела и тешко повреди маж кој кон на полицијаците најпрвин им се заканувал, а потоа со секира тргнал кон нив.
Инцидентот се случил недалеку од фан зоната на холандските навивачи, околу 12:30 часот.
Холандија и Полска ќе играат од 15.00 часот во натпреварот од првото коло од групата Д.
Спорт
(Видео) Осимен во живо на Инстаграм му врачи отказ на селекторот
Виктор Осимен, нигериски напаѓач вреден 100 милиони евра, со една објава на Инстаграм „му врачи“ отказ на селекторот Финиди Џорџ.
Нигерија не игра добро во квалификациите за Светското првенство, а по поразот од Бенин, прашање е дали оваа репрезентација ќе избори место на Мундијалот во 2026 година.
Осимхен поради повреда ги пропушти натпреварите против Јужна Африка и Бенин (реми и пораз) во квалификациите за Светското првенство.
Селекторот Финиди Џорџ наводно рекол дека не можел да го моли Осимхен на колена да игра за Нигерија. Оваа изјава предизвика без кај напаѓачот на Наполи.
Во директен пренос на Инстаграм му одговори на селектор: „Се повредив на последниот натпревар во првенството и не прифаќам шпекулации. Секогаш играв со срце за репрезентацијата и покрај повредите. Изгубив секаква почит кон тренерот. Ќе му го покажам мојот здравствен картон. Јас барав да бидам со соиграчите и покрај тоа што сум повреден“.
После тоа, некој од неговиот тим му го зеде мобилниот телефон на Осимхен.
Финиди по оваа објава доби отказ. На функцијата селектор на Нигерја се задржа само два месеци.
Victor Osimhen lambastes Finidi George for singling him out for criticism.
— YabaLeftOnline (@yabaleftonline) June 15, 2024