Спорт
Будуќност: Николиќ е пуштен од болница, испитувањата ќе се вршат во странство
Кошаркарскиот клуб Будуќност се јави со соопштение по вестите дека нивниот кошаркар, 28-годишниот црногорски репрезентативец Данило Николиќ, колабирал на теренот и лекарите се борат за неговиот живот.
„На нашиот кошаркар Данило Николиќ му се слоши за време на вчерашниот тренинг. По брзата помош на теренот, тој е префрлен во болница, од која е пуштен денеска, и следните испитувања ќе се извршат во странство. Клубот е зад Данило и му дава целосна поддршка. Ги молиме навивачите и јавноста да ја почитуваат приватноста на нашиот кошаркар и неговото семејство. Дачо, ти посакуваме брзо закрепнување и враќање на теренот“, напишаа од клубот.
Obavještenje o zdravstvenom stanju Danila Nikolića ?https://t.co/TSvbJUd2W3 pic.twitter.com/7FxQMUhTkb
— KK Budućnost VOLI (@KKBuducnostVOLI) September 9, 2021
??? Brz i uspešan oporavak @DNick34!@KKBuducnostVOLI#KKPartizan #ABALiga pic.twitter.com/rvZgwotEJ5
— KK Partizan NIS (@PartizanBC) September 9, 2021
Košarkašu crnogorske Budućnosti Danilu Nikoliću je na sinoćnjem treningu pozlilo te je hitno prebačen u bolnicu na daljnje pretrage.
Ovim putem od sveg srca želimo Danilu brz i potpun oporavak te da se što prije vrati na parkete. @KKBuducnostVOLI ?— KK Cibona (@kk_cibona) September 9, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

