Спорт
ЦАС нареди Кардиф да му платат на Нант 6 милиони евра за трансферот на Емилијано Сала

Судот за арбитража во спортот (ЦАС) им нареди на Кардиф да платат 6 милиони евра од првата рата за трансферот на Емилијано Сала, оценувајќи дека договорот бил комплетиран пред трагичната смрт на аргентинскиот фудбалер.
Сала се приклучи на клубот кој сега игра во Чемпионшип во јануари 2019 година, но загина кога неговиот авион со кој патуваше кон Велс падна во Ла Манш на 21 јануари 2019, два дена по трансферот. Неговото тело беше извлечено од морето во февруари, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон не беше пронајдено.
„ЦАС ја отфрла жалбата на Кардиф сити против Нант околу одлуката која ја донесе бирото на ФИФА на 25 септември 2019 година, и ќе треба да платат 6 милиони евра за трансферот на фудбалерот Емилијано Сала“, се вели во одлуката на ЦАС.
RELATED ARTICLES
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нојер на пауза поради повредата на потколеницата

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе мора да паузира поради повреда на потколеницата.
Нојер мораше да ја напушти играта во 58. минута, синоќа против Баер Леверкузен, а според првичните информации ќе отсуствува меѓу три и четири недели.
За среќа, следува репрезентативна пауза, па Нојер ќе го пропушти само реваншот со Баер, како и првенствените натпревари со Бохум, Унион Берлин и Сент Паули.
Добра вест за Баерн е што тој ќе биде подготвени за потенцијалното четвртфинале во Лигата на шампионите со Интер на 8. или 9. април.
Дотогаш шанса ќе добие младиот Јонас Урбиг кој во јануари пристигна од Келн како долгорочна замена за Нојер.
Спорт
Кимих одлучува пред репрезентативната пауза

Наредните неколку недели се клучни за иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен. Договорот на Кимих важи до крајот на сеозоната, а Баерн ги запре преговорите околу новиот.
Клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Кимих и Баерн влегоа во преговори за нов договор и германскиот интернационалец не би имал ништо против да остане на Алијанц Арената, но клубот не ги прифати неговите финансиски барања.
Развојот на настаните во Минехн, внимателно го следат неколку клубови. За Кимих заинтересирани се и Арсенал, Челзи и ПСЖ. Сепак, Кимих знае каде да не оди.
Според извори на „Билд“, играчот од средниот ред на Баерн не би сакал да ја продолжи кариерата во Арсенал. Значи, како опција остануваат „сините“ од Лондон и ПСЖ.
Спорт
Англиските медиуми тврдат дека Влаховиќ ќе заврши во Астон Вила

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, но не и во Арсенал, Челзи или Манчестер јунајтед.
Пол-позицијата за евентуалниот траснферот на Влаховиќ ја има Астон Вила, која во него гледа идеална замена за Џон Дуран, фудбалер кој во текот на зимата се пресели во Ал Наср.
Според британските медиуми, Србинот е голема желба на тренерот Унаи Емери, кој во него гледа клучен играч во офанзивната линија на тимот од Бирмингем.
Од Јувентус се свесни дека летниот преоден рок може да им биде последна шанса да заработат сериозни пари од трансферот на Влаховиќ, со оглед на тоа дека договорот му истекува во 2026 година.
Се претпоставува дека трансферот би можел да изнесува околу 30 милиони евра, што е релативно добра цена за напаѓач од негов калибар.
Сепак, Астон Вила би морала да одвои значителни средства за неговата плата, што би можело да биде клучен фактор во преговорите.
Влаховиќ пристигна во Јувентус пред три години од Фиорентина за 83,5 милиони евра и оттогаш одигра 134 натпревари во црно-белиот дрес, постигна 55 гола и забележа 11 асистенции.