Спорт
Целосна доверба – Њукасл му даде нов договор на менаџерот Хау

Еди Хау потпиша нов долгогодишен договор со Њукасл јунајтед откако новите саудиски газди на клубот беа задоволни од импресивниот финиш на минатата сезона, во кој клубот се спаси од испаѓање, најавувајќи големи работи во иднина.
44-годишниот Хау го презеде Њукасл во ноември 2021 кога клубот беше во зоната за испаѓање и успеа да го крене на 11. место со 14 поени од безбедната зона.
„Одлично е чувството да ја посветам мојата иднина на овој фантастичен клуб. Се гордеам што сум менаџер на Њукасл јунајтед и досега уживав во секој момент. Би сакал да им се заблагодарам на мојот тренерски клуб, на фудбалерите и на навивачите. Исто така, да посочам дека сме на почетокот на нашиот пат и дека ова е возбудливо време да си дел од Њукасл“, вели Хау.
Our gaffer. ???????? pic.twitter.com/S803GpR3hn
— Newcastle United FC (@NUFC) August 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакл на „Сан Сиро“ – Милан со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Италија Милан го совлада Удинезе во првиот натпревар од новата сезона во Серија А со 4:2 (2:2). Триумф на почетокот на сезоната забележа и Аталанта. Екипата од Бергамо во Џенова со 2:0 ја победи Сампдорија.
На „Сан Сиро“ триумфално беше отворена новата сезона во која Милан влегува со желба да ја одбрани титулата. Сепак на самиот почеток домаќинот доживеа „студен туш“. Во втората минута Тогаш Родриго Бекао ги шокираше сите на стадионот, но многу брзо следеше пресврт.
Најпрво Калабрија беше фаулиран во шеснаесетникот, а Тео Ернандез го претвори пеналот во израмнувачки гол.
Тоа беше во 11. минута, а веќе во 15. Анте Ребиќ убавото додавање од десната страна го претвори во 2:1.
„Росо-нере“ го „пресече“ вториот гол на Удинезе во третата минута од судиското надополнување кога Масина постигна гол за израмнување.
Сепак, на самиот почеток од вториот дел Брахим Диас му донесе нова предност на Милан. Победата со својот втор гол ја потврди Ребиќ во 68.минута.
Аталанта на „Луиџи Ферарис“ во Џенова ја победи Сампдорија со 2:0 (1:0), со головите на Толои во 26. минута и дебитантот во Серија А, Адемола Лукман во 95.минута.
Спорт
Јунајтед го допреа дното – Тежок пораз од Брентфорд

Манчестер јунајтед доживеа катастрофален пораз (4:0) на гостувањето кај Брентфорд. „Црвените ѓаволи“, го доживеаја вториот пораз во новата сезона. Во три децениското постоење на Премиер лигата, Јунајтед никогаш досега не започнал сезона со два порази.
Во западен Лондон, домашниот Брентфорд ги искористи подароците од Давид Де Хеа, постигна два гола во 10.и 18.минута, а потоа во 31. и 35.минута само ја потврди победата.
Во вториот дел Роналдо два пати се обиде со глава, неговите удари беа непрецизни, а Кристијан Ериксен не успеа да реализира две добри шанси. Во последните 10 минути Брентфорд пропуштија три добри шанси да го постигнат петтиот гол.
Спорт
Шкупи со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Македонија, Шкупи, со победа ја запона одбраната на титулата. Првиот меч во новата сезона, поради европските обврски, Шкупи го одигра во рамките на второто коло.
Избраниците на Гоце Седлоски, славеа победа од 2.1 против Македонија ЃП.
Фудбалерите на Шкупи во интервал од три минути, во второто полувреме ја обезбедија победата.
Трпановски го постигна првиот гол во 67., а Цефас вториот во 70.минута.
Единствениот гол за Македонија ЃП го постигна Скендери.
Шкупи сега ќе му се посвети на натпреварот со Балкани, во плејофот во Конференциската лига.
Фото/facebook.com/fcshkupi1927