Спорт
Чаби Алонсо никогаш нема да го заборави дебаклот во Барселона

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се присетил на најтешкиот пораз во кариерата.
Алонсо никогаш нема да го заборави поразот од Барселона (5:0) во сезоната 2010/2011. Тоа беше првата сезона на Жозе Мурињо на клупата на Реал.
„Најлош натпревар во кариерата е оној на „Ноу Камп“, кога изгубивме со 5:0. Тоа е најлошата ноќ во мојот живот“, рекол Алонсо и дополнил.
„По само 20 минути сака да си одам дома. Тишурање, па дома. Беше многу болно. Во тој момент знаевме, дека доколку бидеме премноги фини, дека ќе не убијат“.
Чаби Алонсо во кариерата играч и во Реал Сосиедад, Ливерпул и Баерн Минхен. Има светска и европска титула со Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Перез е сигурен дека во Ред Бул жалат што му дале отказ

Поранешниот возач на Формула 1, Серхио Перез, отворено проговори за разделбата со Ред Бул.
Во 2024 година, Серхио Перез го напушти Ред Бул по разочарувачка сезона. На неговото место дојде Лиам Лосон, кој беше заменет од Јуки Цунода по две трки.
Лосон и Цунода се соочија со слично проблеми, со кои се соочуваше Перез, но и покрај тоа не можат да го остигнат перформансите што ги имаше Мексиканецот.
Перез зборуваше за тоа со новинарите и кога беше прашан дали мисли дека Ред Бул му должи извинување, тој рече:
„Не. На крајот на краиштата, овој спорт е таков. Тие донесоа одредени одлуки и создадоа притисок што не можеа сами да го поднесат. Ќе зажалат, длабоко во себе и тоа веќе се случува. Знам од сигурен извор. Што можам да направам? Да продолжам понатаму. Тешко е. Имам блиски пријатели таму и жал ми е што некој мисли дека уживам во сè што се случува. Не е така“, рече Перез.
Ферстапен ја освои својата четврта последователна шампионска титула минатата сезона, но одредени проблеми беа видливи и дури сега излегуваат на виделина.
„Вистината е дека Макс го заслужува успехот што му се случува. Тој е неверојатен возач и малкумина ќе разберат што прави. Тој е неверојатен“, рече Мексиканецот.
Перез не е единственото големо заминување од Ред Бул. Уште поголем удар беше разделбата со живата легенда Адриан Њуи.
„Имавме одличен тим. На крајот, сè се распадна, полека, но сигурно. Имавме нешто посебно во една од најконкурентните ери во Формула 1. Не доминиравме како Мерцедес, кој имаше голема предност во моторите, имавме помала разлика во квалитетот и создадовме сила. Кога Адриан си замина, се појавија проблеми“, објаснува Серхио Перез.
Спорт
ЕХФ го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ), на своите официјални профили на социјалните мрежи го објави тимот на сезоната 2024/25 во Лигата на шампионите. Во гласањето учествуваа тренерите, играчите, новинарите и ракометните фанови.
Четворица дански репрезентативци се најдоа во идеалниот тим: голманот Емил Нилсен (Барселона), левото крило Емил Јакобсен (Фленсбург), десниот бек Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) и Магнус Саугструп (Магдебург) кој е избран за најдобар дефанзивен играч.
Освен нив, во најдобриот состав се и шведскиот лево крило Феликс Клар (Магдебург), десното крило на Пик Сегед, Марио Шоштариќ, исландскиот централен бек Гисли Кристјансон (Магдебург) и францускиот пивот Лудовик Фабрегас (Веспрем).
Минатата сезона, Магдебург ја освои Лигата на шампионите откако го победи Фуксе Берлин, додека Нант ја победи Барселона во натпреварот за третото место.
ЕХФ ќе ги објави имињата на најкорисен играч (MВП) и најперспективен млад играч од минатата сезона во петок, 27 јуни.
Спорт
(Видео) Барселона објави кога се враќа на „Ноу Камп“
Барселона, официјално потврди дека долгоочекуваното враќање на „Камп Ноу“ ќе се случи во недела, 10 август 2025 година, за време на традиционалниот Трофеј Џоан Гампер. Иако противникот сè уште не е официјално потврден, италијанскиот Комо моментално е главен фаворит.
Тоа ќе биде прво појавување на машкиот тим на „Камп Ноу“ по повеќе од две години реновирање, а се очекува стадионот да има намален капацитет од околу 25.000 гледачи во таа фаза, иако ова сè уште не е официјално објавено.
Клубот најавува и посебна програма на активности што ќе се одржат по повод големото отворање, а деталите ќе бидат објавени во наредните недели.
Барселона беше привремено преместена на олимпискиот стадион „Монжуик“. Од клубот објавија дека „емоцијата на фудбалот се враќа во храмот со сино-гранат, во срцето на Лес Кортс“.
Сепак, јасно беше наведено дека работите нема да бидат целосно завршени.
Останува да се заврши изградбата на третата трибина, двојниот ВИП прстен, покривот (чија инсталација е планирана од летото 2026 година) и последните внатрешни и надворешни прилагодувања на стадионскиот комплекс.
Клубот ветува максимални напори да им обезбеди на сите навивачи и членови најпријатно можно искуство, со прилагодување на пристапот и услугите на стадионот.
Ова соопштение дојде еден ден откако Барселона ја почна кампањата „Се враќаме дома, повторно вибрираме“, серија акции исполнети со емоции, симболика и идентитет.
Промотивни пикап возила во боите на Барса се движеа низ центарот на градот со инсталирани звучници и ги емитуваа амбиенталните звуци на стадионот.
Денот кулминираше со проекции на клупските легенди: Меси, Кројф, Роналдињо, Деко и Стоичков на фасадите на знаменитостите на Барселона. Со овој проект, Барса сака дополнително да го поврзе клубот со својот град и соседство. „Espai Barça“ не е само спортски проект, туку и како урбан, социјален и културен придонес кон Барселона, Ле Кортс и Каталонија.
Tornem a casa, vibrem pic.twitter.com/ZMo6PAh1BQ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_cat) June 25, 2025