Спорт
Чачо ја заврши кариерата
Серхио Родригез, во светот на кошарката позната како Чачо по освојувањето на шпанското првенство, одлучи да стави крај на кариерата.
Чачо е трикратен шампион на Евролигата (2015, 2019, 2023), МВП на елитното европско натпреварување во 2014 година, четирикратен шампион на шпанската лига (2013, 2015, 2016, 2024 година).
Кариерата ја започна во Естудијантес во 2003 година и таму остана до 2006 година. Откако истата година го освои Светското првенство со Шпанија, замина во НБА. Беше 27. пик на драфтот на Феникс Санс, играше за Портланд Трејл Блејзерс, Сакраменто Кингс и Њујорк Никс. Шест години беше во НБА, а потоа се врати во Европа, потпиша договор со Реал Мадрид.
Во годините што следеа, тој му помогна на Реал да дојде до четири фајналфор и три финалиња во Евролигата, вклучувајќи ја и титулата во 2015 година. По уште една сезона во САД помината во Филаделфија, тој се пресели во ЦСКА Москва, каде ја освои втората титула во Евролигата.
Од Москва замина во Олимпија Милано, стана шампион на Италија во 2022 година, а потоа реши да се врати во Реал.
Лани стана европски првак со Реал, а оваа сеозна го загуби финалето од Панатинаикос, но ги освои трите домашни трофеи (АЦБ лига, Куп, Суперкуп).
Вкупно 17 клупски трофеи ја покажуваат играчката величина на Родригез, а уште седум медали во националниот тим се причината поради која тој во кариерата се најде меѓу легендите. Со селекцијата на Шпанија освои два олимписки медали (сребро во Лондон 2012 година и бронза во Рио 2016 година). Веќе споменатото злато во 2006 година во Јапонија и четири европски медали (злато во 2015 година, сребро во 2007 година, бронза во 2013 и 2015 година).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Проблем за Јунајтед, Доргу ќе пропушти осум натпревари
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Патрик Доргу (21), ќе биде надвор од терените околу десет недели поради повреда на тетивата, објави новинарката Лори Витвел.
Данскиот репрезентативец се повреди во победата од 3:2 против Арсенал во неделата. Во тој натпревар, тој постигна и спектакуларен гол во второто полувреме.
Иако на почетокот се чинеше дека станува збор само за грч, тестовите ја потврдија повреда.
21-годишникот е во одлична форма во последните недели, постигна пет гола во последните седум првенствени натпревари на Јунајтед.
Доргу беше во почетниот состав и постигна гол во првите два натпревари под привремениот тренер Мајкл Карик, каде што играше на левото крило во системот 4-2-3-1.
Данецот веројатно ќе пропушти осум од преостанатите 15 натпревари во Премиер лигата и се очекува да биде подготвен за полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство, на 26 март против Македонија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јилдиз за поголема плата ќе остане во Јувентус
Јувентус наскоро ќе го продолжи договорот со Кенан Јилдиз. 20-годишниот Турчин е означен како централна фигура на новиот проект на клубот.
Јилдеиз во 2022 година притигна во Јувентус. Италијанскиот клуб успеа да го донесе без обесштетување од Баерн.
Тој, последните 12 месеци, беше мета на многу европски гиганти, со оглед на тоа што игра во Јувентус за 1.500.000 евра по сезона. Сепак прво реши да преговара со клубот и дете страни експресно постигнаа договор.
Според „Тутоспорт“, според новиот договор, Јилдиз ќе заработува 6.000.000 евра по сезона.
Јилдиз, заедно со Дејвид е ја има најголемата плата, пред него ќе биде само Душан Влаховиќ, кој заработува 12.000.000 евра годишно, но тој ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона.
Јилдиз оваа сезона одигра 29 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус, постигна девет гола и забележа осум асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата.
Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1).
Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет.
Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд слем да стигне до полуфиналето на АО, откако беше елиминиран во четвртфиналето минатата сезона и прексиноќа.
Алкараз само во првиот сет имаше проблем со Де Минор. Откако со брејк дојде до 3:0, му дозволи на противникот да се врати, сервираше за сет во деветтиот гем, но домашните тенсер уште еднаш се врати во мечот. Подоцна цо 12-от гем, Алкараз ја искористи втората сет топка.
Вториот и третиот сет, Шпанецот рутински ги реши.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, кој исто така во три сета славеше ротив Лернер Тиен.
Fot/ depositphotos

