Спорт
Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, откри какви се плановите на клубот во летниот преоден рок. Примарна цел е Барселона да најде замена за Серхио Бускетс, кој го напушти клубот. Чави уште еднаш потврди дека клубот бара начин како да го врати Лионел Меси.
Идеална замена за Серхио Бускет, според Чави е Јосуа Кимих„ но прашање е дали Баерн има намера да се откаже од неговите услуги.
„Кимих е врвен играч, тој фантастично ја разбира играта. Потребна ни е најквалитетната замена, си заминува играч кој цела сезона беше во стартниот тим, лидер на оваа Барса која ги освои Ла Лига и Суперкупот. Ни треба играч на високо ниво на оваа позиција, во спротивно ќе ни биде тешко да бидеме конкурентни следната сезона“, призна Чави.
Малку поповолна, но не сосема извесна е ситуацијата околу потенцијалниот ангажман на Јанико Фереира Караско, кој оваа пролет блеска во дресот на Атлетико од Мадрид.
„Имаме клаузула каде што можеме да го донесеме Караско ова лето. Директорот Алемани преговара. Расплетот може да се случи следната недела. Ми се допаѓа Белгиецот, но тоа е се што можам да кажам“.
Тренерот на Барса не крие дека сака двајца фудбалери од Манчестер сити, Илкај Гундоган (му истекува договорот) и Бернардо Силва (има договор до јуни 2025 година), но дека овие трансфери се далеку од реализација.
„Се што можам да кажам е дека сега сите сакаат да дојдат во Барса. Ако имаме шанса да донесеме некого, тогаш ќе направиме се за да му ја исполниме желбата. Се обидовме минатото лето да го донесеме Бернардо. Нормално е дека разни фудбалери сакаат да дојдат во Барса, за нас Португалецот би бил одлично решение, но тешко е да го доведеме, бидејќи е под договор со Сити“.
Чави најавувајќи ги потенцијалните трансфери откри дека Бразилецот Рафиња ќе остане во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јунајтед по пресврт до победа, Тотенхем и Нотингем Форест тонат во бездната
Три натпревари се одиграа во Премиер лигата во терминот од 15 часот, победија домаќините со идентичен резултат 2:1.
Манчестер Јунајтед стигнаа до три бода по пресврт во второто полувреме, против Кристал Палас, а важен детаљ беше директниот црвен картон за Максенс Лакроа во 56-та минута.
Французинот беше тој што му донесе предност на Палас во четвртата минута од играта, но подоцна се претвори во трагична фигура.
Судијата Крис Кавана досуди пенал за Јунајѕед, а по консултација со ВАР собара процени дека треба и да му покажа црвен картон на Французинот.
Најстрогата казна во 57-та минута рутински ја реализираше капитенот на домашниот тим, Бруно Фернандес.
Фернандес запиша и асистенција во 65-та, за Бенјамин Шеско. Словенецот го постигна четврти гол во последните пет натпревари.
Јунајтед сега се искачи на третото место со 51 бод, 10 зад лидерот Арсенал, додека Палас падна на 14-то место и има 35 бода.
Тотенхем и Нотингем Форест жестоко се борат за опстанок, загубија во пресметките со Фулам, односно Брајтон.
Фулам во лонндонската пресметка му го нанесе 13-от пораз на Тотенхем оваа сезона, втор под водство на Игро Тудор. Вилсон и Ивоби му донесоа голема предност на Фулам во првиот дел, во вториот Ришарлисон намали на 2:1, но Тотенхем немаше сила да избегне пораз.
Во Брајтон, конечниот резултат беше поставен по само 15 минути игра. Брајтон поведе преку Гомес во шестата минута, за Форест израмни Гибс-Вајт во 13-та, а две минути подцна ветеранот Велбек го постави конечниот резултат.
Тотенхем е 16-ти со 29, а Форест позиија подолу со 27 поени, Вест Хем на 18 место има 25 бодови.
Foto/ EPA
Спорт
Барселона без Левандовски против Атлетико
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ќе го пропушти натпреварот против Атлетико Мадрид.
Каталонскиот клуб потврди во официјално соопштение дека Левандовски претрпел силен удар во пределот на очите и дека се здобил со повреда, поради која нема да му биде достапен на Ханси Флик за натпреварот против Атлетико Мадрид.
Ова е огромен удар за Барселона, на која ќе ѝ биде потребна целата расположлива напаѓачка моќ за да се обиде да постигне четири гола и да се врати во двомечот против своите големи ривали.
Во првиот натпревар, Атлетико победи со 4:0 и со тоа им го нанесе најубедливиот пораз на Каталонците во ерата на Ханси Флик.
Од оваа недела е познато дека дури и повредениот Френки де Јонг нема да игра против Атлетико, кој ќе биде надвор од теренот до април, додека Ерик Гарсија нема да игра поради црвениот картон на првиот натпревар.
Натпреварот Барселона – Атлетико Мадрид е закажан за вторник во 21 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Војната влијае и на фудбалот: Одложена „Финалисима“ во Катар
Поради актуелните конфликти во голем број азиски земји, „Финалисима“, натпреварот во кој требаше да се сретнат актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка е одложен.
Натпреварот Шпанија-Аргентина беше закажан за 27 март во Катар, но бидејќи оваа земја е погодена од актуелната воена ситуација, беше објавено дека натпреварот е суспендиран.
Катар беше цел на ирански напади како една од земјите на Блискиот Исток на чија територија се наоѓаат американски воени бази.
Да потсетиме дека САД и Израел го нападнаа Иран во организирана воена операција и во тој процес го елиминираа верскиот лидер на оваа земја, ајатолахот Хамнеи, така што Иран одговори со воздушни напади врз ОАЕ, Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт…
Сето ова ги принуди катарските власти да ги одложат сите фудбалски натпревари и турнири до понатамошно известување.
Foto/ depositphotos

