Спорт
Чави: Гвардиола имаше клучна улога во мојата тренерска кариера
Чави Ернандез признава дека поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола останува клучен човек во неговата тренерска кариера, но додава дека не сака да се споредува со „најдобриот на светот“.
Слично како Гвардиола, и Чави беше тренер на Блискиот Исток пред да се врати во Барселона како главен тренер. И покрај потпросечната прва сезона на чело на гигантот од „Ноу Камп“, оваа сезона 43-годишниот Шпанец го трансформираше тимот и сега има 13 поени предност пред Реал Мадрид и се на чекор од прва титула од 2019 година. И покрај ова, тој признава дека најдобриот на светот е Пеп.
„За мене Гвардиола останува најдобриот на светот, тој е брилијантен човек. Од почетокот до сега, тој е број 1. Навистина не сакам да се споредувам со него, бидејќи јас само што почнав со мојата работа. Се надевам дека еден ден ќе го достингам неговото ниво на успех, но не за мене, туку за Барселона“, вели Чави.
Чави и Гвардиола ја освоија титулата 1998/99 во Ла лига како соиграчи, но главната соработка беше како тренер и играч, освојувајќи три титули од Ла лига и две од Лигата на шампионите во доминатниот период од 2008 до 2012 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Се пишат три бода, Родриго за триумф на Реал во Виторија
Фудбалерите на Реал, славеа победа 2:1 на „Мендизороза“ во Вторија, над Алавес, во 16-то коло на шпанското првенство.
Работите не одат добро за Мадрид во последно време, па за Чаби Алонсо и тимот, победата во овој натпревар беше императив. До неа се стигна со многу мака, поради што се уште не е сигурна идноната на шпанскиот тренер.
Се чинеше дека Реал лесно ќе победи, кога Килијан Мбапе погоди за предноста во 24-та минута.
Тоа беше единствениот гол во првото полувреме, а вориот дел, поточно првата половина од овој дел од играта им припадна на домашните фудбалери.
За добрата игра беа нагадени со голот на Карлос Висенте, кој влезе во игра во 68-та минута, а 60 секунди подцна го изедначи резултатот.
Радоста на домашните траеше само неколку минути пред Родриго, на асистенција на Винисиус, да го постави конечниот резултат. Родриго по постот кој траеше осум месеци, или 32 натпревари, постигна гол и на вториот меч по ред, претходно погоди во средата против Манчестер Сити.
Со оваа победа, Реал се врати на четири бода зад лидерот Барселона. Алавес е на 12-то место.
Во следното коло, Реал ја пречекува Севилја, додека Алавес ќе гостува кај Осасуна.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Јувентус победи во Болоња
Фудбалерите на Јувентус ја победија Болоња на гостински терен (1:0) во дербито на 15-то коло од Серија А.
Херој на „Старата дама“, беше Хуан Кабал, кој постигна гол со глава во 64-та минута, по центаршутот на Кенан Јилдиз.
По директниот црвен картон за Торбјорн Хагем во 69-та минута, беше јасно дека тимот на Лучано Спалети ќе победи на „Ренато Дал’Ара“.
Болоња ќе жали за шансите во првото полувреме. Рикардо Орсолини имаше шанса во петтата минута, додека Надир Зортеа ја затресе гредата во судиското продолжение.
Летаргичното второ полувреме го прекина Кабал со одличен скок по комбинацијата на Јилдиз и Консеисао.
Со овој триумф, Јуве се искачи на петтото место, кое го држи со 26 бода. Тоа е седум помалку од водечкиот Интер.
Болоња нема победа три натпревари и моментално е шеста со 25 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Кејн спречи сензација во Минхен
Три минути го дела Мајнц од најголемата сензација сезонава во Бундес лигата, но Баерн сепак успеа да се спаси од пораз. Хари Кејн со гол од пенал во 88-та минута не дозволи последно пласираниот тим на табелата да победи во Минхен.
Баерн поведе во 29-та минута со голот на суперталентираниот Ленарт Карл, но во судиското продолжение во првото полувреме, Потулски израмни.
Во 67-та минута, Ли Џе Сунг ја шокираше „Алијанц Арена“ со гол за водство на гостите, но во 88-мата минута, Хари Кејн постигна гол од пенал и ги постави конечните 2:2.
Мајнц, убедливо најслабиот тим во Бундеслигата оваа сезона, остана со само една победа, и со седум освоени бода.
Ова беше втор нерешен резултат за Баерн во 14 кола, но имаат убедлива предност на врвот, девет поени повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Foto/ depositphotos

