Спорт
Чави: Овој бод воопшто не е лош
Барселона киксираше втора недела по ред. како и во минатото коло, против Џирона и вчера во Мадрид, против Хетафе, одигра 0:0. Сепак, тренерот Чави бодот не го смета за целосен неуспех.
„Знаевме каков терен не очекува. Тешко е да се игра на таков терен, тешко им беше и на играчите на Хетафе. Сепак, тоа не може да биде изговор. Мора да се опоравиме и да ја подобриме нашата игра. Иако, овој бод воопшто не е лош“, изјави Чави.
И покрај двете последователни ремија без голови, Барселона и натаму има сигурна предност предност пред Реал Мадрид од 11 бода.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Серлот во 90+7. минута ја сруши Севилја
Во еден од дерби натпреварите од 35. коло на Ла Лига, Виљареал ја совлада Севилја со 3:2.
Виљареал и Севилја се борат за место во Европа, а по триумфот на „Жолтата подморница“ има еден конкурент помалку за местото кое води во квалификациите за Конференциската лига.
Севилја пропушти голема прилика, два пати имаше водство на натпреварот. Првиот, кога во 26. минута Ел Несири беше прецизен од белата точка, неговиот гол беше поништен во 30. минута од Серлот.
Вториот пат Ел Несири погоди од поле во 44. минута, па на полувремето Севиља имаше гол вишок. И се спротивстави до крајот на мечот, се чинеше дека ќе ги добие сите три, а на крајот останаа без ниту еден бод.
Во 84. минута Москера му донесе израмнување на Виљареал, а кога голот на Тератс беше поништен поради офсајд во втората минута од судиското надополнување, се чинеше дека Севилја ќе остане непоразена. Тоа не се случи, Серлот, буквално со последниот шут на мечот во 97.минута им донесе голема радост на домашните.
Спорт
(Видео) Барнли испадна од Премиер лигата
Саботните попладневни натпревари во Премиер лигата ја разрешија дилемата кој се сели во Чемпионшип заедно со Шефилд Јунајтед. Барнли по само една сезона се враќа во Чемпионшип дивизијата.
Барнли беше поразен на гостувањето кај Тотенхем со 2:1 (1:1), додека на прагот на Чемпионшип е и Лутон, кој во Лондон беше поразен и од Вест Хем со 3:1 (0:1).
Ако Нотингем Форест освои барем бод во дуелот со Челзи, на коло пред крајот и Лутон ќе биде отпишан д Премиер лигата.
За Тотенхем мечот со Барнли беше важен и поради битката за петтата позиција која води во Лига Европа.
Тотенхем се изнамачи за да ги освои бодовите протв Барнли. Гостите водеа од 25.минута со голот на Јакоб Брун Ларсен.
Тотенхем изедначи во 32. минута преку Педро Поро, а победата им ја донесе Мики ван де Вен во 82. минута.
На стадионот на Вест Хем, Лутон имаше сè во свои раце по првите 45 минути. Од шестата минута имаше предност на Локонга.
Сепак, Вест Хем подоцна успеа да воспостваи контрола на теренот и да постигне три гола. Стрелци беа на Ворд-Проуз во 54. минута, Соучек во 66. минута и Ерти во 77. минута.
Кристал Палас како гостин славеше кај Вулвс со 3:1, додека дуелот меѓу Њукасл и Брајтон заврши без победник (1:1).
Сега е извесно дека „страчките“ ќе бидат на шестото место, што ги води во квалификациите за Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Нестварен пресврт на Келн, живи надежта за опстанок во Бундес лигата
Фудбалерите на Келн со се вртија по неагтивата од два гола против Унион Берлин и во пресрет на последното коло во Бундес лигата ги задржаа шансите да останат во лигата.
Унион, кој сезонава одигра солидно во групната фаза од Лигата на шампионите, одлично го започна натпреварот во Келн. По 19.минути игра гостите од престолнината имаа водство 0:2. Стрелци Кнохе во 15. и Фоланд во 19.минута од пенал.
До крајот на првиот дел, Кнајц ја намали предноста на Унион.
И во моментите кога некои навивачи веќе почнаа да го напуштаат стадионот, се појави трошка надеж, во 89. минута Тигес со глава погоди за 2:2., а во третата минута од судиското надополнување ерупција од воодушевување предизвика голот на Даунс.
Келн со 27 поени остана на претпоследното место, Унион е прв над цртата со 30 бода.
Лајпциг дефинитивно е во Лигата на шампионите, но се уште е неизвесно дали ќе биде на четвртото место. Таа позиција можеа да ја потврдат и против Вердер, но освоија бод пред своите гледачи – 1:1. Македонскиот репрезентативец Елмас настапи од 64.минута кога влезе на местото на Баумгартнер.
Резултати:
Фрајбург-Ханденхајм 1:1
Борусија Менхенгладбах-Ајнтрахт 1.1
Лајпциг-Вердер 1.1
Келн-Унион Белрин 2:3.