Спорт
Чеферин: Рубијалес згреши, но тоа што го направи сигурно не е сериозен криминал

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека скандалот со бакнежот на поранешниот претседател на шпанската федерација Луис Рубијалес кон фудбалерката Џени Ермосо е неприфатлив, но додава дека медиумите го направиле случајот поголем и дека тоа што го направил тој не е сериозен криминал.
Рубијалес беше суспендиран од ФИФА, си поднесе оставка од шпанскатаа федерација и од позицијата потпретседател на УЕФА, а исто така е под истрага од шпанските власти.
„Тоа што го направи Рубијалес е неприфатливо и несфатливо. Но, кога ќе прочитам дека неговиот однос се смета за сериозен криминал… Како адвокат, тоа е сосема нелогично. Медиумите ја кренаа оваа вест на преголема важност“, вели Чеферин во интервју за „Мундо депортиво“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Сити е досаден, Милан се будали Милан, Њукасл ми се гади“

Милан и Њукасл одиграа 0:0, во вторникот, во првиот меч од Лигата на шампионите. Италијанскиот тим имаше 25 удари кон противничкиот гол (Њукасл шест), од кои девет беа во рамките на голот (Њукасл еден).
Натпреварот беше динамичен, особено во првото полувреме, но не беа сите воодушевени од она што го понуди овој меч. Артур Видал упати жестоки критики кон фудбалерите на Милан и Њукалс. Во својата анализа, Чилеанецот не ги поштедени ниту другите клубови.
Чилеанскиот играч за врска и поранешен играч на Интер и Јувентус сега има 36 години под договор е со Атлетико Паранаенсе. Повредата на коленото го оддалечи од тимот, па има време да ги гледа и анализира другите натпревари.
„Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној помеѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милано ми предизвикаа болка. Имаат среќа, се што знаат е да трчаат. Не би биле ни во Лигата на шампионите да не беше тоа. Згрозен сум од Њукасл, не го разбирам овој тим. Беше четврти во првенството и мораше да го стави својот живот на коцка за да направи нешто на првиот натпревар. Само ме налути“, рече Видал и коментираше за другите клубови и игри:
„Порто – Шахтјор, тоа беше одличен натпревар. Сити беше досаден, како и секогаш досаден. Ми се допадна второто полувреме од натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија. Заспав во првото”.
Foto/EPA
Спорт
Реал најголем фаворит за тиутлата во Евролигата, Партизан 10., Звезда 11. фаворит

Во пресрет на новата сезона во Евролигата, обложувалниците излегоа со првите прогонози. Најголем фаворит за титулата е актуелниот шампион Реал Мадрид, следуваат Монако и Панатинаикос.
Реал, минатата сезона, во драматичното финале го победи Олимпијакос и ја освои титулата. Со повратникот во тимот, Факундо Кампацо е најголемиот фаворит за трофејот. На вложен еден денар, на Реал, се добиваат пет.
Следуваат Монако и Панатинаикос, екипи кои донесоа неколку спектакуларни засилувања. Блиску до нив се Олимпијакос, Фенербахче и Барселона.
Обложувалниците не им веруваат многу на регионалните претстваници, Партизан и Црвена звезда.
Партизан е 10., а Црвена звезда 11. фаворит за титулата.
Шансите за освојување на Евролигата во сезоната 2023/24:
Реал Мадрид – коефициент 5
Монако 7
Панатинаикос 7
Фенербахче 9
Олимпијакос 9
Барселона 9,50
Олимпија Милано 11
Анадолу Ефес 15
Макаби 15
Партизан 16
Црвена звезда 21
Жалгирис 41
Валенсија 41
Баерн 41
Басконија 51
Виртус 67
Асвел 201
Алба 251.
Спорт
Чави го продолжи договорот со Барселона

Актуелниот шпански шампион Барселона го продолжи договорот со тренерot Чави Ернандез до летото 2025 година.
Доколку двете страни се задоволни, постои опција да се активира уште една сезона во договорот.
43. gодишниот Чави во Барселона пристигна на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени и 19 порази.
Минатата сезона Чави го предводеше тимот од стадионот „Камп Ноу“ до титулата во Ла Лига, а го освои и Суперкупот.
Во текот на својата кариера, легендарниот Шпанец цели 17 години го носеше дресот на Барселона со која освои 25 трофеи, одигра вкупно 767 натпревари.
По пет кола, Барселона е втора во Ла Лига со два бода помалку од Реал.
Foto/ EPA