Спорт
Чеферин: „Случајот Негреира“ е еден од најсериозните што сум ги видел во фудбалот
Александар Чеферин се подготвува за конгресот во Лисабон што ќе се одржи следната среда, каде што ќе биде реизбран за претседател на УЕФА. Словенецот има мнозинска поддршка и ќе добе нов четири годишен мандат за периодот од 2023 до 2027 година.
Чеферин за време на конгресот ќе се занимава со „случајот Негреира“ за кој и официјално е започна истрага.
За потсетување, Барселона е обвинета дека на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата компанија од 2001 до 2018 година му платила вкупно 8,4 милиони евра. Тој, пак, наводно делегирал судии што и одговараат на Барселона и гарантирал дека тие ќе судат во полза на тимот од „Ноу Камп“.
„Не можам директно да коментирам поради две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија која е одговорна за ова, и второ, затоа што јас не се занимавав детално со оваа работа“ изјави Чеферин за словенечкиот весник „Екипа“ и продолжи:
„Ситуацијата е исклучително сериозна. Толку е сериозна што според мене е една од најсериозните во фудбалот што сум ги видел“.
Тој се осврна и на Суперлигата, идеја за елитно натпреварување во кое ќе играат само најдобрите европски клубови, која за прв пат се роди пролетта 2021 година.
„Очигледно се уште се обидуваат да направат нешто, како да не разбраа дека немаме за што да преговараме. Секако, кај некои од овие луѓе и егото игра одредена улога и затоа сè уште прават нешто во таа област бидејќи со текот на годините се навикнаа сите да го одобруваат она што го прават. Но, оваа приказна е завршена, во тоа нема никаква сомнеж“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грилиш на принудна пауза
Еден од најдобрите играчи на Евертон, Џек Грилиш, ќе мора да направи долга пауза.
Како што беше потврдено денес, Грилиш доживеал сериозна повреда на стапалото, поради што го очекува пауза од околу три месеци.
„Денес, Грилиш беше подложен на дополнителни медицински тестови, по што беше утврдено дека има сериозна повреда која бара долга рехабилитација и закрепнување од најмалку 12 недели“, обајави клубот..
Во најдобар случај, Грилиш ќе се врати на теренот во втората половина на април, а дотогаш ќе пропушти голем број натпревари.
Евертон е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 32 освоени бода.
Грилиш во најдобар случај ќе се врати на теренот на 18 април кога Евертон ќе го пречека градскиот ривал Ливерпул.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тер Штеген во Џирона до крајот на сезоната
Голманот на Барселона и германски репрезентативец, Марк-Андре Тер Штеген, ќе игра на позајмица во Џирона до 30 јуни оваа година, објавија двата шпански клуба.
Според договорот што го постигнаа клубовите, Барселона ќе исплаќа околу 90 отсто од платата на тер Штеген.
Тер Штеген (33) пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, а оваа сезона одигра само еден натпревар за тимот од „Ноу Камп“.
Тер Штеген денес го имаше својот прв тренинг со својот нов клуб. Тој бранеше за германската репрезентација на 44 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Конте: Не сме на нивото на Лигата на шампионите
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека е разочаран од нерешениот резултат против Копенхаген во седмото коло од Лигата на шампионите, објавија денес италијанските медиуми.
Фудбалерите на Копенхаген и Наполи играа вчера во Данска без победник, 1:1. Копенхаген од 35-та минута играше со фудбалер помалку, бидејќи црвен картон доби искусниот Томас Дилејни.
„Ме боли и мора да ги боли моите играчи. Мора да бидеме лути, мора да бидеме разочарани. Имавме во вистински услови за победа и пласман во плејофот. Можеме да имаме илјада изговори, но тие не вредат, бидејќи натпреварот одеше толку добро во тие околности, што мораше да победиме“, рече Конте.
Наполи моментално е на 23-то место на табелата на ЛШ со осум бода.
„Четврти натпревар по ред покажавме дека се мачиме. Имавме целосна контрола, со 11 играчи против 10, па дури и ако ви недостасуваат 10 играчи и се чувствувате уморни, мора да победувате во вакви натпревари. Едноставно – мора. Постои разочарување, бидејќи не успеавме, па затоа е очигледно дека нашето ниво не е соодветно за ова натпреварување во моментов. Имаме само осум бода во Лигата на шампионите, сите мора да ја прифатиме вината. Во оваа ситуација, мора да победите“, нагласи Конте.
Фудбалерите на Наполи ќе го пречекаат Челзи во последното, осмо коло од Лигата на шампионите.
Foto/ depositphotos

