Спорт
Чех: Без жалење и каење ќе се сеќавам на овој меч

Петр Чех го одигра последниот меч во кариерата. Со Арсенал е поразен од Челси, тим во кој го изгради фудбалското име. По мечот тој изјавил дека шпекулациите дека ќе се врати во Челси само го зголемиле притисокот пред последниот меч.
Чех ги одигра сите натпревари за Арсенал во Лига Европа, поради што менаџерот Унаи Емери му овозможи да брани и во финалето. Во финалето играчите на Челси четири пати ја погодија неговата мрежа.
Иако прими четири гола, Чех беше еден од подобрите во тимот на Арсенал, со неколку врвни одбрани тој спречи дебакл на неговиот тим.
„Горд сум на тоа како одиграв. Има многу притисок кога последниот меч во кариерата ви е финале. Шпекулациите околу моето враќање во Челси дополнително ми ја отежнаа работата. Сите гледаа во мене. Морам да кажам дека дадов се од себе и нема за што да жалам. Без жалење и каење ќе се сеќавам на овој меч“, рекол Чех за „БТ Спорт“.
Чешкиот голман наводно ќе се врати во Челси, каде треба да добие некоја од функциите во клубот, но ој не ги потврдил овие шпекулации.
„И претходно неколку пати кажав дека трофејот сакам да го подигнам со Арсенал, а потоа да седнам и да размислам. До 30 јуни сум играч на Арсенал и дотогаш нема да носам никакви одлуки околу мојата иднина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тешки противници за Пелсистер во ЛШ

Шампионот на Максдонија, Еурофарм Пелистер, доби тешки противници во Лигата на шампионите.
Пелистер во сезоната 2025/2026 ќе се натпреварува во Б групата.
Противници ќе му бидат евеопслиот првак Магдебург, Барселона, Висла, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, ПСЖ и Загреб.
Сезоната Пелистер треба да ја започне на домашен терен против ПСЖ.
Во А групата ќе се натпреваруваат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Кјелце, Нанат, Спортинг, Динамо Букурешт и Колштад.
Спорт
Го оставија Ѓоковиќ за Синер – сега се разделија со Јаник

Улисес Бадио, физиотерапевт, и Марко Паники, тренер за кондиција, повеќе не се дел од тимот на Јаник Синер.
Веста прв ја објави италијанскиот „Скај Спорт“, со што се потврди раскинувањето на соработката што не траеше ниту една година.
Аргентинецот и Италијанецот се приклучија на тимот на Јаник во септември 2024 година, по неговата разделба со Умберто Ферара и Џакомо Налди поради скандалот со клостебол.
Претходно, Бадио и Паники беа во тимот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Се очекува во следните неколку часа да биде издадено соопштение, во кое ќе се прецизира што довело до разделбата. Во овој момент, италијанските медиуми не можат ни да шпекулираат што би можело да биде причината.
Остеопатот Андреа Чипола, со кого е на Вимблдон, останува во тимот на Синер.
Синер го освои Австралија Опен со Паники и Бадија во тимот на почетокот на годината, по што следеше пораз во финалето на Ролан Гарос. Значи, падот на формата можеме да го отпишеме од листата на причини, анализираат медиумите.
Спорт
Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.
Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.
По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.
Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.
Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.
Неуспехот во Евролигата, како и критиките за неговата нестабилна игра, го чинеа работа.