Спорт
„Чеканите“ драматично преку Вила до петтото место на табелата

Вест хем на Дејвид Мојс успеа да се искачи на петтото место на табелата во Премиер лигата, откако во еден драматичен меч ги победија Астон вила со 2:1, бидејќи гостите прво утнаа пенал за израмнување, а потоа им беше поништен гол во 92. минута поради офсајд.
Анџело Огбона уште во втората минута ги донесе „чеканите“ во водство, но на полувреме се отиде со нерешен резултат, откако во 25. минута, Џек Грилиш постигна прекрасен гол, уште еднаш покажувајќи дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.
По помалку од 30 секунди од второто полувреме, Вест хем повторно дојдоа во водство, овојпат преку Боуен, пред гостите да имаат шанса да извлечат реми со пеналот во 74. минута, во кој Оли Воткинс ја погоди пречката. Драмата не заврши тука – во 92. минута Воткинс убаво го најде Мат Таргет кој ја смести топката зад грбот на Лукаш Фабијански, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Вест хем сега се петти со 17 поени, четири помалку од лидерите Тотенхем и Ливерпул, додека Вила се на 10. место со 15 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Хабиб ќе се врати ако види нешто спектакуларно“

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ги објави деталите од состанокот што го имал со Хабиб Нурмагомедов. Вајт и борецот од Дагестан кој замина во пензија, се сретнале во петокот во Абу Даби.
Вајт открил дека не успеал да го убеди Нурмагомедов да се врати во октагонот, меѓутоа непоразениот во лесна категорија, рекол дека ќе размисли и ќе реши дали ќе се врати, по борбите што следат, а во кои ќе се соочат Конор Мекгрегор и Дастин Поирие, односно Ден Хукер и Мајкл Чендлер.
„Ќе ги гледа тие борби кои ќе се одржат наредниот викенд. Доколку направат нешто спектакуларно, тогаш можеби ќе се врати“, открил Вајт.
„Смета дека Чарлс Оливеира бил одличен против Тони Фергусон, а доколку момците наредниот викенд приредат спектакл, Хабиб би можел повторно да влезе во октагонот“.
Хабиб кариерата ја заврши без пораз, со 29 победи.
Спорт
Минималец на Челси против Фулам

Челси, како гости, славеа минимална победа над градскиот ривал Фулам, во 19.коло во Премиер лигата. „Сините“, ставија крај на лошата серија, тие беа поразени на претходните три натпревари (Арсенал, Астон Вила, Манчестер сити).
Челси беа подобриот тим на теренот, но дури во финишот ја обезбедија победата. Во првиот дел Маунт го погоди дирекот, а Ареола го одбрани ударот на Ридигер. Во последната минута од првиот дел Фулам остана со играч помалку на теренот. Робинсон, поради жесток старт доби црвен картон.
Теренската надмоќ во вториот дел Челси ја реализираше во 78.минута, кога Маунт го постигна единствениот гол.
Спорт
Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18), со што втор пат во својата историја ќе учествува на континенталниот шампионат.
Македонските одбојкари убедливо го добија првиот и четвртиот сет, третиот во кој се водеше голема борба и припадна на Македонија, додека Турците го освоија вториот сет.
Најзаслужни за победата на Македонија беа капитенот Ѓорѓиев и Љафтов кои заедно освоија 47 поени (Ѓеорѓиев 24, Љафтов 23). На спротивната страна се истакнаа Субаши со 17, односно Лагумџија со 14 поени.
Европското првенство ќе се одржи во втората половина од годината, а домаќини ќе бидат Полска, Чешка, Естонија и Финска.
Фото/vfmkd.mk
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира