Спорт
Челниците на Рома бесни на арбитражата во Серија А: Доста беше!

Спортскиот директор на Рома, Тијаго Пинто, се прашува зошто толку се разликуваат критериумите на фудбалските судии во Италијаи и вели дека во клубот се чувствуваат оштетени по поразот од Милан со 2-1 во дербито на 11. коло во Серија А.
„Сакам да кажам дека Милан одигра одличен меч и можеби ја заслужи победата. Но, треба нешто да се каже и за судењето. Зошто критериумите толку се разликуваат? За иста ситуација, во Серија А има тотално спротивен критериум.
Никој не ги разбира судиските критериуми. Во досегашните 11 меча имаше ситуации во кои Рома беше очигледно оштетена“, вели Пинто.
Тој напоменува дека е време да се каже `доста беше`.
„Не сакам да ги скријам нашите грешки, но време е да се каже `доста беше`. Рома заслужува почит. Но, тоа не е само наш проблем, сите мора да се изјасниме за судењето или ќе го загубиме кредибилитетот“, истакна тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона одбиле 80 милиони за Фермин Лопез

Каталонски „Спорт“, откри дека Манчестер јунајтед и Челзи испратиле понуди до Барселона од 80 милиони евра за Фермин Лопез. Понудата на „Ноу Камп“ пристигнала кон крајот на јули.
Во Барселона имало несогласување околу тоа дали треба да биде продаден или не. Некои членови на Управниот одбор верувале дека продажбата ќе помогне во тешката финансиска ситуација и во регистрацијата на нови играчи, додека тренерот Ханси Флик сакал играчот од средниот ред да остане.
Се вели дека преговорите траеле повеќе од една недела, а двата англиски клуба се обиделе да го доведат 22-годишниот шпански фудбалер.
Флик наводно лично интервенирал за да се осигури дека офанзивниот играч од средниот ред ќе остане на „Камп Ноу“.
Фермин одиграл вкупно 89 натпревари за Барселона, постигнува 19 гола и запиша 11 асистенции.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.
Спорт
Њукасл ќе ја прифати понудата од Ливерпул за Исак

Пред неколку дена се чинеше дека ништо нема да произлезе од трансферот на Александар Исак (25) во Ливерпул, но британските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда од „црвените“ за шведскиот напаѓач.
Првичната понуда од 125 милиони евра беше категорично одбиена од „страчките“, посочувајќи дека шведскиот репрезентативец вреди 170 милиони евра.
Во меѓувреме, Исак и раководството на Њукасл разменија остри зборови, а Швеѓанецот тврдеше дека клубот му ветил дека нема да го саботираат неговиот трансфер во нов клуб.
„Кога ветувањата се прекршуваат, тогаш повеќе нема доверба и таа врска мора да заврши. Затоа мислам дека промената би била корисна за двете страни, за Њукасл и за мене“, објави Исак во вторникот на социјалните мрежи.
По тие изјави, раководството на Њукасл сфати дека нема смисла да го блокира заминувањето на Исак, бидејќи во своите редови ќе имаат незадоволен играч кој би можел да ја расипе атмосферата во целиот тим.
Иако во моментов нема соодветна замена за Исак, бидејќи Словенецот Бенјамин Шешко се пресели во Манчестер јунајтед, а Уго Екитике во Ливерпул, клубот од стадионот „Сент Џејмс Парк“ е свесен дека ќе мора да го продаде шведскиот голгетер.
Британските медиуми наведуваат дека овој пат „страчките“ без двоумење би прифатиле значително пониска понуда од бараните 170 милиони евра, во опсег од 135 до 140 милиони евра.
Ливерпул веќе потроши 340 милиони евра за нови играчи ова лето.
Исак дојде во Њукасл од Реал Сосиедад во 2022 година за речиси 70 милиони евра. За три сезони, тој постигна 62 гола и додаде 11 асистенции. Сегашниот договор е со важност до јуни 2028 година, а според него тој заработува седум милиони евра годишно.
Спорт
Ренато Веига од Челзи се пресели во Виљареал

Потврдено е дека Ренато Веига (22) потпишал за Виљареал во трансфер вреден 29,5 милиони евра, вклучувајќи бонуси и клаузула за процент од идните продажби.
Трансферот на Веига е најскап во историјата на шпанскиот клуб, а португалскиот дефанзивец дојде од Челзи.
Претходниот рекорд го држеше Пако Алкасер, кого Виљареал го донесе од Борусија Дортмунд за 25 милиони евра во 2020 година.