Спорт
Челси ги собори сите рекорди – на засилувања потроши 330 милиони евра
Фудбалскиот клуб Челси во целост го обележа зимскиот преоден рок. Клубот од Стенфорд Бриџ на нови играчи потроши повеќе од 300 милиони евра. Од почетокот на сезоната (летниот и зимскиот преоден рок), Челси на засилувања потроши 570 милиони евра, со што го урна рекордот на Реал Мадрид од сезоната 2019/2020, кога на засилувања потроши 397 милиони евра.
Челзи во јануари се засили со осум фудбалери, за чии ангажмани плати 330,5 милиони евра. Апсолутната доминација на пазарот „сините“ ја крунисаа со потпис во минута до полноќ. Најдобриот млад фудбалер на Мундијалот Енцо Фернандеш е доведен од Бенфика за 120 милиони евра.
Но, и без Фернандеш, Челзи потроши повеќе од 200 милиони евра за седум играчи. Најмногу за Украинецот Мудрик кој првично беше платен 70 милиони евра, а со бонуси трансферот може да изнесува и до 100 милиони.
Покрај него, нови жители на Стемфорд Бриџ се Беноа Бадијашил (Монако, 38 милиони евра), Нони Мадуке (ПСВ, 35 милиони евра), Мало Густо (Лион, 30 милиони евра), Андреј Сантос (Васко де Гама, 12,5 милиони евра), Давид Датро Фофана (Молде, 12 милиони евра) и Жоао Феликс (11 милиони евра за позајмица од Атлетико).
На листата зад Челси се Борнмут 86 милиони евра, Арсенал 60 милиони евра, Њукасл 49 милиони евра, Ливерпул 42 милиони евра (сите за Коди Гакпо од ПСВ) и Лидс јунајтед (41 милион евра).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

