Спорт
Челси и Тотенхем без муниција, мирољубиви и досадни 0-0

Лондонското дерби меѓу Челси и Тотенхем заврши со најнепопуларниот фудбалски резултат 0-0.
Ученикот Френк Лампард против својот учител Жозе Мурињо одигра со неговата тактика – дефанзивно.
Вкупно 90 минути фудбал, без големи возбудувања пред двата гола, а двете екипи упатија само по 2 удари во рамки на головите на Менди, односо Лорис.
Челси за кратко се израдува на погодок, во 11 минута, стрелец беше Тимо Вернер, но по ВАР асистенција истиот беше поништен поради офсајд позиција.
Поседок на топката беше кај домаќините, но без голем ефект од тоа.
Со овој бод Тотенхем останува на чело на табелата во Премиерлигата со 21 бод по 10 кола, додека Челси собра 19 и „сините“ моментно се трети.
Втор е Ливерпул кој исто како и Тотенхем има 21 бод, но со послаба гол разлика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влхова со драматична победа во Јасна, кристалниот глобус за Басино

Словачката скијачка атракција Петра Влхова стигна до драматична победа на домашен снег во Јасна, победувајќи на велеслаломот пред новозеландската атракција Алис Робинсон и својата вечна ривалка, Американката Михаела Шифрин, која ја бркаше 70-тата победа во кариерата.
Ова беше прва победа на Влхова оваа сезона и 19-та во кариерата, но доаѓа во вистинско време – таа сега има 1.220 поени во генерален пласман, само 36 помалку од лидерката во генерален пласман, Лара Гут-Бехрами и со надеж дека на следните два слаломи во Оре ќе може да ја помине Швајцарката.
Сепак, најрадосна беше четвртопласираната на трката, Италијанката Марта Басино, која со овој пласман го обезбеди малиот кристален глобус во велеслалом, прв во нејзината кариера. Басино имаше четири велесласломски победи оваа сезона, за да собере вкупно 510 поени, со што второпласираната Французинка Теса Ворлеј не може да ја стигне (има 362 поени), со само последниот велеслалом од сезоната на финалето во Ленцерхајде.
Спорт
Меси на избирачко место – за кого гласаше капитенот?

Денеска за Барселона може да е клучен ден, откако членовите на славниот каталонски клуб излегоа на избирачките места да го дадат гласот за следниот претседател на клубот. Фаворит, секако, е поранешниот претседател Жоан Лапорта, а противкандидати му се Тони Фреича и Виктор Фонт.
Покрај членовите на клубот, право на глас имаат и фудбалерите на клубот, така што капитенот Лионел Меси го искористи правото и излезе на гласање заедно со својот тим.
За кого гласаше и со кого има поголеми шанси да остане во клубот, останува да се види.
🔥 The captain of the first team, Leo Messi, exercises his right to vote at the Camp Nou 🔥 pic.twitter.com/oiPVRcQHtl
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 7, 2021
Спорт
Де Брујне: Мурињо ми кажа дека не сум доволно добар за Челси

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне го откри „чудниот“ разговор со Жозе Мурињо кој предивикал Белгиецот да си замине од Челси.
Де Брујне имаше само три настапи во Премиер лигата за „сините“ во 2013/14, пред да биде продаден во Волфсбург во јануарскиот преоден рок. Година и пол подоцна, тој се врати во Премиер лигата со Манчестер сити и таму стана еден од најдобрите на светот.
29-годишниот Белгиец во интервју за магазинот „Фор Фор Ту“ објасни што се случило.
„Имаше многу во медиумите за моите односи со Жозе Мурињо, но вистината е дека јас зборував со него само двапати. И така планот беше да одам на позајмица малку. Жозе ме повика во канцеларијата во декември и тоа беше еден од моментите кои ми го променија животот. Имаше некои хартии пред него и ми кажа: ‘Една аситенција. Нула голови. Десет вратени топки’. Ми беше потребно време да сфатам што прави. Потоа почна да ги чита статистиките на другите: Вилијан, Оскар, Хуан Мата, Андре Ширле. И таму имаше – 5 гола, 10 асистенции, и така натаму. Тој чекаше нешто да му кажам, и му одговорив: ‘Тие момци одиграле 15-20 меча, јас само три, мора да е поинаку нели?’. Беше многу чудно. Му кажав: ‘Изгледа клубот не ме сака тука. Сакам да играм фудбал и подобро да ме продадеш’. Најдобрата одлука беше да одам на место каде што ќе почнам одново. Секако, не очекував да заврши вака, но тоа беше најнискиот дел од мојата кариера и не се сомневав во квалитетите“, вели Де Брујне.
Белгиецот има 249 настапи за Сити, две титули од Премиер лигата, ФА куп и 4 Лига купови по трансферот од 55 милиони фунти од Волфсбург.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“